АД ЕСМ ги проширува ветерниците, ВП ,,Богданци” во јануари произведe двојно повеќе од планот

Ветерниот парк Богданци во јануари 2020г. произведе речиси двојно повеќе електрична енергија од планираното, односно имаше 95% натфрлање на планот. Минатиот месец е регистриран како еден од најдобрите периоди од почетокот со работа на Паркот на ветерни електрани Богданци. Според официјалните резултати на АД ЕСМ, за претходниот месец се испорачани  15.968 MWh.

Во 2019 година, овој капацитет за производство од обновливи извори  произведе 101.807 MWh електрична енергија што претставува  натфрлање на  годишниот план за 6 проценти. Со постигнатиот резултат,  ветерниот парк Богданци учествувал со 2,4% во вкупното производство на АД ЕСМ за минатата година.

Инаку, во тек е јавниот повик на АД ЕСМ за проширување на ветерниот парк со нови  ветерници. Рокот за пријавување на компаниите заинтересирани да го градат проектот е до 2 март.