ХЕС Црн Дрим

СТРУКТУРА

Име и презиме Функција    
Сашо Коркут Директор    
Тони Маркоски Раководител на Служба за производство на електрична енергија    
Марјан Главинчески Управник на ХЕ ГЛОБОЧИЦА – СТРУГА    
Џеладин Имеровски Управник на ХЕ ШПИЛЈЕ – ДЕБАР    
Живка Наумоска Раководител на служба за финансиски и комерцијални работи    
Мерита Бизати Раководител на служба за правни и општи работи    
ХЕС ЦРН ДРИМ   contact@elem.com.mk 046 785 400

 

ХЕС Црн Дрим ја сочинуваат две брани и хидроелектрани, ХЕ “ШПИЛЈЕ” и ХЕ “ГЛОБОЧИЦА”.

ХЕ “ШПИЛЈЕ” e најголемата акумулациска хидроелектрана на сливното подрачје на реката Црн Дрим во близина на Дебар. Хидроелектраната се наоѓа на самиот состав на реките Црн Дрим и Радика, па затоа режимот на дотекувањата во акумулацијата зависи од режимот на двете реки.

ХЕ “ГЛОБОЧИЦА” се наоѓа во западна Северна Македонија на реката Црн Дрим, околу 30 km северно од Струга. Оваа деривациска електрана која го затвора тесниот профил на реката Црн Дрим, со својата акумулација врши неделно израмнување на дијаграмот на потрошувачка. ХЕ Глобочица има камено-насипна брана со висина од 94,5 m. Хидроелектраната “Глобочица” е проектирана и изведена со инсталирана моќност од 42 MW и годишно производство од 191 GWh.