ХЕ Глобочица

ХЕ “ГЛОБОЧИЦА” се наоѓа во западна Северна Македонија на реката Црн Дрим, околу 30 km северно од Струга.

Оваа деривациска електрана која го затвора тесниот профил на реката Црн Дрим, со својата акумулација врши неделно израмнување на дијаграмот на потрошувачка.

ХЕ Глобочица има камено-насипна брана со висина од 94,5 m.

Хидроелектраната “Глобочица” е проектирана и изведена со инсталирана моќност од 42 MW и годишно производство од 191 GWh.