ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје е компанија за производство на електрична енергија во целосна сопственост на ЕВН Македонија АД. Компанијата управува со 11 мали хидроцентрали кои се ревитализирани и целосно автоматизирани. Нивната вкупна инсталирана моќност изнесува 47 MW, а во 2010 година остварија рекордно производство од 218 GWh. ЕВН Македонија како компанија која негува култура за заштита на животната средина постојано вложува во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи ресурси.
|