РАСТЕ НИВОТО НА АКУМУЛАЦИИТЕ

АД ЕСМ ја информира јавноста дека во последните два месеци континуирано расте нивото на акумулациите каде АД Електрани на Северна Македонија има производни капацитети или користи дел од водата од истекот на природните езера. Во најдобар ред се одвива процесот на производство на електрична енергија од хидроелектраните, како и процесот на снабдувањето со вода за пиење и наводување, а во исто време на високо ниво се одржуваат биолошките услови за живиот свет во акумулациите и по теченијата на реките.
Акумулацијата Тиквеш се наоѓа на ниво од 262 метри надморска висина, односно на само 3 метри под максималната кота. 
Охридско езеро во моментот е на ниво од 693.67 мнв., додека минималната кота е 693.10. Дебарското езеро е на ниво 572.36 метри, а минималната кота е 560. Мавровското езеро 1216.76 метри, а минималната кота е 1207. Глобочица изнесува 686.74 метри, додека минимумот е 682.60. Козјак се наоѓа на кота од 450.62 метри, додека минималната кота таму е 435 метри. Света Петка е на ниво од 357.06, додека пропишаниот минимум е 355 метри. Сите коти на акумулациите се на своите просечни вредности за овој период од годината и се високо над дозволените минимални нивоа.

Се надеваме дека оваа година ќе биде хидролошки подобра од 2017, 2015, 2012 или 2008, кои беа сиромашни во врнежи. АД ЕСМ континуирано ја следи состојбата и во изминатиот период се произведуваше помалку електрична енергија од хидроелектраните од тоа што беше планирано, имајќи го предвид токму значењето кое водните ресурси го имаат за секоја сфера и дејност.

(ВИДЕО) Изјава на Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ:

(Видео) Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ: Хидроелектраните се во одлична кондиција

Posted by АД ЕСМ on Вторник, 05 мај 2020