Ветерниот парк ,,Богданци” урива рекорди во производството на електрична енергија

Ветерниот парк ,,Богданци” урива рекорди во производството на електрична енергија

Паркот на ветерни електрани „Богданци“до крајот на август испорачал над 87 GWh електрична енергија што претставува натфрлање на планираното производство за тој период за 37,5 %.  Така, на четири месеци до крајот на календарската година, овој производствен капацитет што го користи ветрот како погонска сила веќе остварил над 91 проценти од годишниот производствен план предвиден во енергетскиот биланс.  Производството на ВЕЦ Богданци во првата половина од 2020 година заклучно со 30 ти јуни е 68 452 MWh или 43,5 % повеќе од планираните 47 712 MWh.

Ова е рекордно производство во првото полугодие од постоењето на ВЕЦ Богданци.

 Реализираното производство е поголемо од планираното, поради поволните временски услови и ветрови поголеми од 4 m/s, кои се во проектираниот работен опсег на ВЕЦ „Богданци“. Овој ветерен парк во целост ја оправдува инвестицијата на ветерот како  обновлив извор на енергија. 

Со реализација на втората фаза целосно се заокружува проектот „Ветерен парк Богданци“ на проектираната инсталирана моќност од 50 MW и вкупно годишно производство од околу 137 GWh. 

Ветерниот парк (ПВЕ) „Богданци“-втора фаза за кој веќе постапката за реализација е во тек  се состои од 4 до 6 турбини, секоја со номинална моќност од 3 до 4 MW. Со втората фаза се врши зголемување на капацитетот на постоечкиот Парк на ветерни електрани „Богданци“ за дополнителни 13.2-15 MW. Планираната инвестиција на проектот е 21 милиони евра, од кои 18 милиони евра од германската КфВ банка и 3 милиони евра средства на АД ЕСМ