ВИДЕОСОСТАНОК СО ЕБОР ЗА НОВИТЕ ИНВЕСТИЦИИ НА ЕСМ

ВИДЕОСОСТАНОК СО ЕБОР ЗА НОВИТЕ ИНВЕСТИЦИИ НА ЕСМ

Тим на АД ЕСМ предводен од генералниот директор Васко Ковачевски денеска одржа видеосостанок со претставници на Европската банка за обнова и развој(ЕБОР). Пред Банката која изрази подготвеност за финансирање на дел од енергетските проекти, беа претставени развојните проекти на компанијата со акцент на фотоволтаичните централи Осломеј 1 и Осломеј 2, како и фотонапонската централа кај РЕК Битола. Во рамките на состанокот беа претставени и идни проекти во соларни централи со моќност од 240 MW и Гасна централа со инсталирана моќност од 250 MW.

Ковачевски им се заблагодари на претставниците на ЕБОР за досегашната соработка и изрази задоволство во врска со партнерството со таа институција во дел од идните проекти на компанијата.