Контакт – информации за корисниците на топлинска енергија преку Подружница „Енергетика“

Во подружница „Енергетика“ за време на грејната сезона на потрошувачите на топлинска енергија на располагање се ставени следните контакти:
  • Дефекти и протекување, 24 часа седум дена во неделата: 071 313 405.
  • Центар за грижа на корисници (понеделник-петок, 07.00 – 19.00 часот): 02 3104 816,
  • Рекламации за квалитет на греење (понеделник-петок, 07.00 – 19.00 часот): 02 3104 872. Лица за контакт: Мустафа Рустеми, Ванчо Панчевски, Харбин Рамадани и Јагода Стојаноска.
  • Пријава на дефекти (понеделник-петок, 07.00 – 15.00 часот): 02 3104 879. Лице за контакт е Зоран Димитровски.
,,Енергетика” почна со испорака на топлинска енергија на 15 октомври за корисниците во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром. Парно греење добија 3700 домаќинства, детски градинки, основни и средни училишта и деловни субјекти.