Нов грејдер од денес е дел од механизацијата на РЕК Битола

Новата градежна машинa во РЕК Битола ќе се користи за правење на траси за транспортните траки при влечење и монтажа на транспортни единици, како и за изработка и рамнење на пристапни патишта во рудниците.
Грејдерот е со моќност од 147 kW и тежина од 17.200 килограми.
Производител на машината е Liu Gong, компанија во чија сопственост е полската Stalоwa wola, во рудниците на РЕК Битола позната години наназад по својот докажан квалитет.
Грејдерот има Cummins мотор, трансмисија од германскиот бренд ZF и хидраулика на Kawasaki од Јапонија.
До крајот на неделава уште еден ист ваков грејдер ќе пристигне во РЕК Битола.
До крајот на годината вкупно 36 нови машини ќе бидат испорачани на комбинатот за што беа обезбедени 17,5 милиони евра сопствени средства на АД ЕСМ