ФЕ БИТОЛА

ФЕ Битола 1- 20 MW, ФЕ Битола 2 – 40 MW, ФЕ Битола 3 – 100 MW

Тековните глобални енергетски трендови наложуваат поамбициозно преминување кон нискојаглеродна економија, при што обновливите извори на енергија се меѓу најважните фактори што ќе ја овозможат таа транзиција. Во таа смисла АД ЕСМ засилено го насочува својот фокус кон развој и реализација на нови проекти за производство на електрична енергија, со цел зголемување на уделот во обновливи извори на енергија, а поконкретно со фотоволтаични електроцентрали со поголем (large scale) инсталиран капацитет.

Со оглед на достапните енергетски ресурси и земјиштето кое припаѓа на АД ЕСМ, најфлексибилната опција којашто ќе овозможи производство на чиста енергија од обновливи извори се фотонапонските електрани. Во таа насока отпочнати се развојни активности во соработка со ЕБРД за реализација на проектите. За ФЕ Битола 1, со инсталирана моќност од 20 MW, со просечно годишно производство од 32 GWh, кој што ќе биде финансиран заедно со ФЕ Осломеј 2 преку поволен заем од Европска банка за обнова и развој во висина од 25 милиони евра, и за ФЕ Битола 2 со инсталирана моќност од 40 MW, со годишно производство од 70 GWh и проценета вредност од 30 милиони евра, за коишто капацитети веќе се направени пресметки за идно производство, одредено е земјиштето и завршени се студиите за приклучок.

Проектот ФЕ Битола 3 ќе биде со инсталирана моќност од 100 MW, со годишно производство од 170 GWh, и проценета вредност од 70 милиони евра. Предлозите за приклучок на ФЕ Битола 3 кон електроенергетската мрежа се преку постојниот 110kV далновод од ТС Битола 2 (сопственост на АД ЕСМ) до ТС Брод Гнеотино, со радијална врска. Проценетата површина за изградба на ФЕ Битола 1 изнесува 36 ha, за ФЕ Битола 2 изнесува 80 ha и за ФЕ Битола 3 200 ha.

Проект ФЕ Битола
Не-техничко решение ФЕ Битола
План за вклучување на засегнатите страни ФЕ Битола
Non-technical summary PVPP Bitola
Stakeholder engagement plan PVPP Bitola


 

Образец за поплаки
Grievance form