Д-р Драган Миновски со делегација на АД ЕЛЕМ учествува во работата на конференцијата „Берлинскиот дијалог за енергетска транзиција“

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ д-р Драган Миновски  ја предводи делегацијата на компанијата,која  денеска и утре ќе учествува во работата на конференцијата „Берлинскиот дијалог за енергетска транзиција“. Овој еминентен форум кој петта година по ред се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија  во изминатите години стана водечки меѓународен форум за сите засегнати страни во енергетскиот сектор. На политичарите на високо ниво, индустријата, науката и граѓанското општество им се дава можност  да ги споделат своите искуства и идеи за безбедна, прифатлива и еколошки одговорна глобална енергетска транзиција.

Во рамките на форумот, Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ќе биде и говорник на панелот „Возможна мисија“, а ќе реализира средби со претставници на политичкиот живот и енергетскиот сектор од СР Германија. Анѓушев учествува на форумот на покана на сојузниот министер за економија и енергетика на СР Германија Петер Алтмаер.