АД ЕСМ,ЕВН Македонија АД и АД МЕПСО распишуваат конкурс за стипендии

АД ЕСМ,ЕВН Македонија АД и АД МЕПСО распишуваат конкурс за стипендии

Услови за аплицирање на конкурсот за стипендија се:

1. Студентите да се редовно запишани на прв циклус студии по првпат во прва студиска година во учебната 2018/2019 година на една од следните студиски програми: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ), Електроенергетски системи (ЕЕС) и Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ).

2. Студентот кој аплицира за стипендија да не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании.

3. Просекот на студентот на крајот од првиот семестар од студирањето да е 8.00 или повисок од 8.00 (до датумот на аплицирање).

4.Студентот да е државјанин на РСМ.

Студентите до службата за студентски прашања потребно е да достават:

1. Потврда за редовно запишан студент во прва студиска година и уверение за реализиран просек и реализирани кредити. (до датумот на аплицирање).

2. Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании.

3. Соодветно пополнета апликација, мотивациско писмо,копија од диплома за завршено средно образование,копии од дипломи за посета на курсеви, потврда за работен однос и плата на солидарниот гарант.

Стипендијата е во висина од 6.000 денари месечно и важи за една студиска година (10 месеци) со можност за продолжување или прекинување во зависност од исполнување на обврските пропишани во Договорот за стипендирање. Студентот е потребно студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.00. Во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија.

Рокот за поднесување документи е до 14.6.2019 година.

Дополнителни информации може да добиете кај Марија Стоилкова, Студентската служба на ФЕИТ или кај Дејан Димитриев, СПФЕИТ.