КОНКУРС за доделување пет стипендии за студенти од Технички факултет-Битола

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ и Технички
факултет – Битола, се распишува

КОНКУРС

за доделување 5 стипендии за студентите на Техничкиот факултет – Битола

На конкурсот можат да се пријават:
 Редовни студенти на Факултетот кои се запишани за првпат, во прва година на
студии во академската 2018/2019 година.
 Студенти кои студираат на студиски програми од:
o Електротехничкиот отсек
o Машинскиот отсек
o Мехатроника

Право на учество имаат студентите кои ги исполнуваат следните критериуми:
 студентот да е редовен студент запишан на прв циклус студии по прв пат во
прва година во академската 2018/2019 година;
 просечната оценка на студентот до датумот на аплицирање да не е помала од 8.0
(осум);
 студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа,
институција или компанија;
 студентот да е државјанин на Република Северна Македонија
Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од
3 (три) члена и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во АД ЕСМ и 1 (еден) член
од Техничкот факултет од Битола.

Селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе
биде направена врз основа на остварениот просечен успех на студентот до датумот на
аплицирање, освоените поени при упис на факултет и резултатите од реализираното
интервју, кое ќе го врши Комисијата за стипендирање согласно следната методологија:
 максимум освоени поени од остварениот просечен успех на студентот до
датумот на аплицирање, најмногу 70 поени;
 освоените поени при упис на факултетот, најмногу 25 поени;
 резултати од реализираното интервју, најмногу 5 поени.

Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари месечно и ќе се доделува за
времетраење од 10 (десет) месеци годишно, со можност за продолжување или за
прекин, во зависност од исполнувањето на обврските од страна на студентите
пропишани со Договорот за стипендирање. Со избраниот кандидат ќе се потпише Договор за стипендирање.

Кандидатите на кои ќе им биде доделена стипендија имаат обврска:
 Студиската година да ја завршат во рок и со просек не помал од 8, во спротивно,
стипендистот го губи правото на стипендија и се обврзува да го врати
примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање;
 Други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.
Потребна документација за аплицирање:
 Пополнета апликација/прашалник подготвен од страна на АД ЕСМ;
 Мотивациско писмо;
 Потврда за редовен студент запишан во прва година на студии;
 Потврда за положени испити, освоени кредити и просечна оценка (просек) до
датумот на аплицирање;
 Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа,
институција или компанија, потпишана и од солидарен гарант
 Копија од уверение за државјанство на Република Северна Македонија.

Апликацијата/прашалникот е објавена на интернет-страницата на Техничкиот факултет
Битола: http://www.tfb.edu.mk/
Начин на аплицирање:

Документите се поднесуваат во Архивата на Техничкиот факултет во Битола (во
Деканатот) или по пошта на адреса Технички факултет Битола, ул. Македонска фаланга
бр.37, 7000 Битола, во периодот од 05.06.2019 до 01.07.2019 година.