АД ЕСМ: Нема зголемување на цената на електричната енергија која ќе му ја продаваме на универзалниот снабдувач

АД Електрани на Северна Македонија е избрана за најдобар понудувач на електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. По одржаната аукција избрана е понудата на АД ЕСМ за 1.408.525 МWh електрична енергија  по цена од 34.5E/MWh за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 и 60 MW базна моќност по цена од 34.5E/MWh за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020.

АД ЕСМ ја задржа истата цена како и во изминатиот период. Понудената цена беше утврдена од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, за што беше известена Владата како сопственик, која го задолжи ЕСМ на аукцијата да ја понуди утврдената цена. Сакаме уште еднаш да нагласиме дека за нашата електрична енергија понудивме цена којашто ќе овозможи цената која граѓаните ја плаќаат на крајот да биде прифатлива и непроменета за нив, а без финансиски последици за АД ЕСМ.

Компанијата и оваа година, како и претходната, остварува значајна добивка.