Подинска јагленова серија

Подинската јагленова серија лежи под главниот продуктивен слој на експлоатационото поле на рудникот Суводол и зафаќа површина од околу 3 км квадратни. Во 2009 година беше изработен Главен рударски проект за отворање на и експлоатација на оваа рудна резерва и беа утврдени геолошки резерви од 55.000.000 тони јаглен, од кои експлоатибилни резерви се 50.000.000 тони јаглен со коефициент на откривка од 1:4,7 метри кубни за тон.Технологијата на ископување на ПЈС Суводол е составена од континуирани БТО системи, со користење на новонабавената опрема, и еден систем кој ќе биде комбинација од новонабавена опрема и опрема од ПК Суводол која ќе се користи по завршувањето на ископувањето на јагленот во Главниот јагленов слој.Транспортот на јагленот кој ќе биде ископан од ПК ПЈС-Суводол ќе се врши со постојниот систем кој се користи во рудникот Суводол.

Планираниот годишен капацитет од околу 6,5 милиони тони јаглен, кои се потребни за работа на 3те блока во ТЕ Битола, треба да се добие со комбинирано ископување и хомогенизација на јагленот од три локации: од Главниот јагленов слој во ПК Суводол, од ПК Брод-Гнеотино и од ПК Подинска Јагленова Серија. Ова е пред се поради намалувањето на резервите од јаглен во ПК Суводол и потребата од нивно дополнување со јаглен од други локации, односно рудници за јаглен.

НАБАВКА НА РУДАРСКА ОПРЕМА
Површинскиот коп за јаглен „Брод-Гнеотино“ е во фаза на експлоатација. Со главниот рударски проект, од 2006 г., како експлоатациски резерви предвидени се околу 34.000.000 тони јаглен, со претходно определен капацитет од 2.000.000 тони годишно. Откопувањето на јаловината се врши во согласност со главниот рударски проект за отворање и експлоатација на ПК „Брод-Гнеотино“ со примена на континуирана технологија (БТО системи), додека откопувањето на јагленот и меѓуслојната јаловина се врши во согласност со упростениот рударски проект со примена на дисконтинуирана технологија односно циклична механизација.

За ископот на јаглен и прослојната јаловина во досегашната експлоатација на ПК ,,Брод-Гнеотино” ангажирани се надворешни фирми-изведувачи. АД ЕЛЕМ изработи темелно истражување врз основа на кое е утврдено дека инвестирањето во набавка на рударска опрема ќе донесе повеќекратни придобивки за компанијата:

  • продолжување на животниот век на термоелектричните централи во РЕК „Битола” во следните 15 години, преку отворање на подинската јагленова серија т.е. рудникот „Суводол”;
  • намалување на оперативните трошоци при ископот на јаглен од „Брод-Гнеотино” преку набавка на механизацијата за дисконтинуирано копање јаглен;
  • намалување на оперативните трошоци за ангажирање помошна механизација од надворешни фирми-изведувачи.

 РУДАРСКА ОПРЕМА