ФЕ ОСЛОМЕЈ

ФЕ Осломеј 1


Проектот фотонапонската електрана „Осломеј“ е дел од стратегијата на „АД Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ)  за менување на начинот на производството на електрична енергија односно зголемено искористување на обновливите извори на енергија на сметка на фосилните горива. Производство од обновливи енергетски извори ќе овозможи чиста енергија и за државата и за регионот. Спроведувањето на проектот ќе ја зголеми инсталираната моќност на производствените објекти на ЕСМ за 10 MW и производство на електрична енергија за дополнителни 15 GWh.

Фотонапонската електрана „Осломеј“ ќе се гради на јаловиштето во рамките на некогашниот рудник за јаглен што ќе овозможи корисна повторна употреба на моментално неискористената индустриска земја, на веќе постоечкиот рудник во околината на РЕК „Осломеј“, на 15 хектари земјиште. Предвидено е замјиштето да се рекултивира со нова фотоволтаична електрана, што ќе произведува чиста енергија од обновливи извори. Овој проект е почеток на имплементацијата на една позитивна иницијатива со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето.

Проектот е со вкупна проценета вредност од 8,7 милиони евра и е финансиран од АД ЕСМ со помош на поволен заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 5,9. милиони евра. Фотонапонската електрана ќе биде проектирана и изградена од најкомпетентниот понудувач, во согласност со највисоките европски и светски стандарди. Предвиденото време на изградба на електраната е 10 месеци.

 ФЕ Осломеј проект

 Социјална политика ФЕ Осломеј

 ФЕ Осломеј нетехничко резиме

PVPP Oslomej Non-technical Summary

 ФЕ Осломеј нетехничко резиме алб

Елаборат за ЗЖС за изградба на ФЕ Осломеј

 Елаборат за ЗЖС за изградба пристапен пат


 Формулар за поплаки на проектот
 Project grievance form and leaflet EN
Project grievance form and leaflet ALB
Project grievance form and leaflet TR