ФЕ ОСЛОМЕЈ

ФЕ Осломеј


Проектот за фотонапонските електрани Осломеј е изработен согласно Стратегија за развој на енергетика до 2040 година на Владата, базирана на Европскиот Зелен Договор, со цел трансформирање на начинот на производството на електрична енергија односно зголемено искористување на обновливите извори на енергија на сметка на фосилните горива. Крајната цел на проектот Осломеј е рударско-енергетскиот комбинат кој има инсталирана моќност од 120 MW да биде заменет со сончеви електрани со еднаква инсталирана моќност од 120 MW.

Производство од обновливи енергетски извори ќе овозможи чиста енергија и за државата и за регионот, но и ќе овозможи и рекултивирање и оплеменување на земјиштето од стариот рудник.

 

 

ФЕ ОСЛОМЕЈ 1


Фотонапонската електрана Осломеј 1 со моќност од 10 MW e прв пример на енергетска транзиција во Југоисточна Европа во кој електричната енергија ќе се произведува од сонце преку панели поставени врз стар, исцрпен рудник за јаглен. Фотонапонската електрана е пуштена во пробно производство во април 2022. Таа е прва во низата електрани кои треба целосно да го заменат досегашниот инсталиран капацитет на РЕК Осломеј. 

Европската енергетска заедница го препорачува овој пример во други земји во регионот каде се спроведува енергетска транзиција. 

Вкупното годишно производство на ФЕ Осломеј 1 ќе изнесува 15-17 GWh, доволни за потребите на околу 2800 домаќинства. ФЕ Осломеј 1 е во целосна сопственост на АД ЕСМ. Изградбата на електраната чинеше 7 милиони евра, од кои дел беа сопствени средства, а дел се кредитна линија од Европската банка за обнова и развој.

 

ФЕ ОСЛОМЕЈ 2


По ФЕ Осломеј 1, проектот ФЕ Осломеј 2 со инсталирана моќност од 10 MW и планирано просечно годишно производство од 16 GWh електрична енергија, со поддршка од ЕБРД, ќе се реализира како континуитет на ФЕ Осломеј 1. Овој проект заедно со пректот ФЕ Битола, кој што е со инсталирана моќност од 20MW, ќе се финансираат со помош на поволен заем од Европска банка за обнова и развој во висина од 25 милиони евра

Земјиштето е во сопственост на АД „Електрани на Северна Македонија“ и локацијата е на кратко растојание од трафостаниците и патната инфраструктура односно во непосредна близина на веќе оперативна електрана, што обезбедува пристап до обучена работна сила. Комбинацијата на поволните локациски фактори, заедно со стратегиската определба на Владата, овозможува реален потенцијал за реализација на овој проект. Трошоците за изградба на ФЕ значително ќе бидат намалени затоа што ќе се искористи постоечката инфраструктура од  ТЕ „Осломеј“.

Проект ФЕ Осломеј 2
Не-техничко решение ФЕ Осломеј 2
План за вклучување на засегнатите страни ФЕ Осломеј 2
Non-technical summary PVPP Oslomej 2
Stakeholder engagement plan PVPP Oslomej 2
Përmbledhje jo-teknike CF Oslomej 2
Plani i angazhimit të palëve të interesuara CF Oslomej 2


Образец за поплаки
Grievance Form
Formulari i ankesave

 

ФЕ ОСЛОМЕЈ 3


ФЕ Осломеј 3 со максимално производство од 2×50 MW, планирана е да се изгради јужно од ФЕ Осломеј 2, на површина која што е сопственост на АД ЕСМ. Просечното годишно производство е проценето на 2×80 GWh.

Планирана е изградба со Јавно Приватно Партнерство, каде што приватниот партнер ќе ги покрие инвестициските и оперативните трошоци и во рок од 35 години ќе направи трансфер на сопственоста на АД ЕСМ. Во периодот од 35 години приватниот партнер на АД ЕСМ ќе му исплаќа најмалку 10% од произведената електрична енергија по часовна HUPX цена.

 

Моќност AC (MW)

Годишно производство (GWh)

Предвиден буџет за 2021(000 денари)

Предвиден буџет за 2022(000 денари)

Извор за финансирање

2X40
(макс.2×50)

2×80

3.075

 

Проектот е планиран да се реализира со ЈПП