Човечки ресурси

Човечки ресурси

Секторот за правни и општи работи во Дирекцијата на АД ЕЛЕМ- Скопје работите ги извршува преку Одделот за нормативни работи и органи на Друштвото, Одделот за човечки ресурси, Одделот за правни  работи, Службата за општи работи,  координаторот  за заштита при работа и заштита на животната средина, координаторот за одбрана, заштита и спасување и кризи и секторите и службите за правни и општи работи во подружниците на АД ЕЛЕМ – Скопје.
Секторот за правни и општи работи во перодот од 1.1.2014-31.12.2014 година подготви материјали и организираше 84 состаноци на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ- Скопје.
Управниот одбор на АД ЕЛЕМ- Скопје одлучуваше за многу прашања и донесе голем број на акти  меѓу кои позначајни се: 

  • Одлука за усвојување на извештај за производство и купопродажба на електрична енергија. 
  • Одлука за определување на висината на благајничкиот максимум за 2014 година.
  • Одлука за склучување на Договор за отстапување на побарување помеѓу АД ЕЛЕМ-Скопје и ЕВН Македонија-Скопје.
  • Одлука за утврдување на критериуми за раскинување на Договори за вработување со склучување на писмена спогодба.
  • Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на АД ЕЛЕМ – Скопје УО бр.02-63/1/2 од 11.01.2006 година.
  • Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на плата на работниците во АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје УО бр.02-63/1/2 од 11.01.2006 година.
  • Одлука за изменување и дополнување на финансиски план на АД ЕЛЕМ-Скопје за 2014 година.
  • Одлука за изменување и дополнување на годишната инвестициска програма  на АД ЕЛЕМ-Скопје за 2014 година.
  • Одлука за изменување и дополнување на планот за јавни набавки на АД ЕЛЕМ-Скопје за 2014 година.
  • Одлука за усвојување на извештај на  Централната пописна комисија. 
  • Одлука за   определување на средства за уплата на синдикалната организација  на АД ЕЛЕМ-Скопје.
  • Одлука за почеток со работа на интегриран компјутеризиран деловен информациски систем (БИС).  
  • Одлука за усвојување на извештај за производство и продажба на вишоци на електрична енергија на АД ЕЛЕМ- Скопје за месец  декември  2013 година.
  • Одлука за одобрување на заем на Тутунски комбинат АД Прилеп.
  • Одлука за овластување потписници на налози заради располагање со средствата на жиро сметката на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје
  • Одлука за овластување потписници на налози заради располагање со средствата на  АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје  во Комерцијална банка АД Скопје
  • Одлука за отповикување  на директор на подружница РЕК Битола-Новаци.
  • Одлука за избор на директор на подружница РЕК Битола-Новаци на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје.
  • Одлука за отповикување  на  директор на подружница ХЕС Треска – Скопје.
  • Одлука за избор на директор на подружница ХЕС Треска – Скопје на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје.
  • Одлука за усвојување на финансиски извештај за работењето на АД ЕЛЕМ за период од 1.1 до 31.12.2013 година.
  • Одлука за усвојување на годишна сметка за период од 1.1 до 31.12.2013 година на АД ЕЛЕМ-Скопје.
  • Предлог-одлука за покривање на загуба остварена по  годишната сметка за 2013 година на АД ЕЛЕМ-Скопје.
  • Одлука за одобрување  на финансиски средства за доброволен престанок на работен однос  на работници во АД ЕЛЕМ-Скопје по интерен оглас   бр.03-908/1 од 12.02.2014 година.
  • Одлука за отповикување  на директор на подружница РЕК Осломеј-Осломеј.
  • Одлука за избор на директор на подружница РЕК Осломеј-Осломеј на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје.
  • Одлука за усвојување на текст на договор за снабдување со електрична енергија во краен случај.
  • Одлука за усвојување на текст на договор за користење на дистрибутивен систем за електрична енергија на АД ЕЛЕМ-Скопје
  • Одлука за усвојување на упатство за доделување на нови шифри на материјали и дополнително прочистување  на  шифрарникот на материјали на ниво на АД ЕЛЕМ 
  • Одлука за усвојување на консолидирана годишна сметка на АД ЕЛЕМ-Скопје со ДООЕЛ-ите и консолидиран финансиски извештај на АД ЕЛЕМ за период од 1.1. до 31.12.2013 година.
  • Реализација на годишната инвестициска програма на АД ЕЛЕМ –Скопје за 2013 година.
  • Финансиски извештај за работењето на АД ЕЛЕМ за период од 1.10 до 31.12.2013 година.
  • Извештај за работењето на Секторот за комерцијални работи на АД ЕЛЕМ Скопје за 2013 година.
  • Извештај за работењето на Секторот за правни и општи работи на АД ЕЛЕМ-Скопје за 2013 година.
  • Извештај за работењето на Службата за внатрешна ревизија на АД ЕЛЕМ-Скопје за 2013 година.
  • Одлука за склучување на Договор за обезбедување на државна гаранција.
  • Одлука за отповикување  на  директор на подружница Енергетика – Скопје.
  • Одлука за избор на директор на подружница Енергетика – Скопје.
  • Одлука за давање на согласност за поднесување на барање до Регулаторна комисија за енергетика  за регулиран максимален приход и цена на ел.енергија.
  • Одлука за давање на согласност за поднесување на барање до Регулаторна комисија за енергетика за регулиран максимален приход и регулирана просечна цена за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за 2014 г.
  • Одлука за давање на согласност за поднесување на барање до  Регулаторна комисија за енергетика, за регулиран максимален приход и цена за регулирана енергетска дејност за снабдување со електрична енергија во краен случај.
  • Одлука за давање на согласност за поднесување на барање до Регулаторна комисија за енергетика за регулиран максимален приход и цена за вршење на дејност управување со системот за дистрибуција на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија.
  • Одлука за прифаќање на барање за отпочнување  на постапка  за објавување на конкурс за доделување на стипендии  на студенти запишани прв пат, во прва година на Машински факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Скопје.
  • Одлука за  усвојување на информација за испорака на хавариска помош за ЈП ЕМС.
  • Извештај од добиената понуда за задолжување на АД ЕЛЕМ-Скопје со заем од странство со или без државна гаранција за финансирање на проектот „Набавка на дополнителна опрема за ПК Подинска јагленова серија Суводол“
  • Упатство за начин на спроведување на постапките за јавни набавки во АД ЕЛЕМ-Скопје согласно Законот за јавни набавки.
  • Информација со прогрес на активности за реализација на големи проекти од Секторот за развој и инвестиции.
  • Извештај за реализација на годишната инвестициска програма на АД ЕЛЕМ − Скопје за периодот од 1.1.2014 до 31.3.2014 година
  • Извештај за реализација на планот за јавни набавки на АД ЕЛЕМ − Скопје за период од 1.1.2014 до 31.3.2014 година
  • Финансиски извештај за работењето на АД ЕЛЕМ-Скопје за период од 1.1.2014 до 31.3.2014 година
  • Извештај за работата на Секторот за правни и општи работи на АД ЕЛЕМ − Скопје од 1.1.2014 до 31.3.2014 година.
  • Извештај за реализација на годишниот план на ревизии на АД ЕЛЕМ-Скопје за период од 1.1.2014 до 31.3.2014 година.
  • Информација за постапување по наодите на интерните ревизорски извештаи од Секторот за комерцијални работи.
  • Годишен извештај за остварените резултати од работењето на АД ЕЛЕМ - Скопје 2013 година. 
  • Одлука  за прифаќање на извештај за  отстапените побарувања по основ на Договор за регулирање на обврска за плаќање според судско порамнување.
  • Одлука  за усвојување на процедура за следење и водење на судски, извршни и други постапки кои се водат во АД ЕЛЕМ-Скопје.
  • Одлука за усвојување на ревизорски извештај за 2013 година.
  • Одлука за усвојување на консолидиран финансиски извештај за 2013 година на независните ревизори.
  • Информација во врска со спогодбите за вработување, без јавен оглас, со ЈП „Македонски шуми“, Скопје, а согласно програмата за вработување на 300 лица со инвалидност.
  • Извештај за производство на електрична енергија, јаглен, топлинска енергија и вишоци на електрична енергија на АД ЕЛЕМ за период од 1.1.2014 година до 30.6.2014 година.
  • Извештај за реализација на годишна инвестициска програма на АД ЕЛЕМ-Скопје, за период од 1.1.2014 година до 30.6.2014 година.
  • Извештај за реализација на планот за јавни набавки на АД ЕЛЕМ-Скопје, за период од 1.1.2014 година до 30.6.2014 година.
  • Извештај за работата на Секторот за правни и општи работи на АД ЕЛЕМ-Скопје, за период од 1.4.2014 до 30.6.2014 година.
  • Извештај за реализација на годишниот план за ревизија на АД ЕЛЕМ-Скопје, за период од 1.1.2014 г. до 30.6.2014 г.
  • Предлог-правила за продажба на вишоци на електрична  енергија и моќност, и методологија за одредување на цената за продажба на вишоците на електрична енергија.
  • Одлука за еднократно отпишување на долговите на граѓаните настанати по основ на искористена топлинска енергија.
  • Одлука за еднократно отпишување на долговите на граѓаните настанати по основ на искористена електрична енергија.
  • Извештај за спроведување на годишниот план за извршување на внатрешна ревизија во период од 1.7-15.8.2014 година;
  • Информација за активноста на консултантот РВЕ Пауер Интернешнл (RWE Power international)  за модернизацијата на котлите во ТЕЦ Битола;
  • Информација за состојбата со модернизација на котлите 2 и 3 во ТЕЦ Битола;
  • Извештај за состојбите со реализација на договорот бр.11-322/3 од 6.2.2006 и анекс 1 кон основниот договор за изградба на ХЕЦ Св. Петка склучен со РИКО;
  • Извештај за состојбите со ГТС (главен транспортен систем) во рудник Брод-Гнеотино, договор со Тисен Круп (Tyssen Krupp) и негова имплементација;
  • Одлука за усвојување на информација за наоѓалиштата на јаглен Панчарево, Звегор-Стамер, Лавци и Пискупштина;
  • Барање за итно известување за постапка,за набавка на услуга- помошна механизација за ПЕ Рудници Битола со бр.16/110/2014 од Марковски компани ДООЕЛ, Битола;
  • Извештај за состојбата на отстапените побарувања од АД ЕВН Македонија, врз основа на судско порамнување;   
  • Финансиски извештај за работењето на АД ЕЛЕМ-Скопје, за период од 1-3.2014година;
  • Финансиски извештај за работењето на АД ЕЛЕМ-Скопје, за период од 4-6.2014 година;
  • Одлука за склучување на анекс на Договорот за заем бр.02-648/1 од 31.01.2014 година со Тутунски комбинат АД Прилеп и Тутунски комбинат-Тутун ДООЕЛ-Прилеп;
  • Одлука за изменување на Одлуката за почеток со работа на интегриран компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) УО бр.02-500/288/1 од 28.01.2014 година и УО бр.02-4152/322/15 од 26.06.2014 година.
  • Предлог мерки за штедење заклучно со 31.12.2015 година;
  • Интегрална информација за отворени прашања со Марковски компани ДООЕЛ Битола
  • Доставување на извештај од евалуација на понуди за ХЕЦ Бошков Мост-ЛОТ1 градежни работи;
  • Доставување на информација со прогрес на активности за реализација на големи проекти на АД ЕЛЕМ;
  • Информација за проектот ХЕЦ Бошков Мост (дополнително финансирање), од Секторот за развој и инвестиции;
  • План за производство за задоволување на потребите на електрична енергија на АД ЕЛЕМ-Скопје за 2015 година;
  • Годишен извештај за работата на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ-Скопје;
  • Барање за одложено плаќање од Тутунски комбинат АД Прилеп;
  • Сметководствени политики на АД ЕЛЕМ – Скопје;
  • Упатство за управување со залихите на резервните делови и материјали;
  • Извештај за реализација на годишна инвестициска програма за период од јануари-септември, 2014 година;
  •  Политика за безбедност и здравје при работа и прирачник за управување со безбедност и здравје при работа на АД ЕЛЕМ;
  • Извештај за спроведени постапки за јавни набавки за период јануари-септември 2014 година;
  • Барање од МЖ Транспорт со изјава за признавање на долг;
  • Извештај за работењето на Секторот за правни и општи работи за период 1.7.-30.9.2014;
  • Финансиски извештај од работењето на АД ЕЛЕМ за период од 1.7. до 30.09.2014 година;
  • Одлука за отпочнување постапка за поведување преговори за склучување на договор за дополнително финансирање обезбедено со државна гаранција за ХЕ Бошков Мост;
  • Извештај за спроведување на годишен план за извршување на внатрешна ревизија во третиот квартал од 2014 година;
  • Акциски план по извештај на Надзорниот одбор за подобрување на работењето на АД ЕЛЕМ
  • Презентација на Физибилити студијата за модернизација на ТЕЦ Осломеј;
  • Одлука за склучување анекс кон договорот за заем со Тутунски комбинат АД Прилеп и Тутунски комбинат-Тутун ДООЕЛ-Прилеп за пролонгирање на рокот за враќање на заемот;
  • Барање мислење од подружница Енергетика за тужба на ФАКОМ АД Скопје;
  • Предлог спогодба од Марковски компани – Битола;
  • Информација со образложение за причината за зголемување на вкупната инвестиција на  проектот Луково Поле и довод на Корапски води;
  • Информација со акциски план во врска со реализација на проектот „Скијачки центар  Попова Шапка“;
  • Информации за проектот „Нова деловна зграда“ и „Фасада на стара деловна зграда“
  • Процедура за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење,
  • Програма за управување со отпад за подружница РЕК Битола;
  • Информација за потпишување aнекс -договори за Ревитализација на 6 ХЕЦ;
  • Информaција за активностите на „Топлификација Битола“ и идни чекори;
  • Извештај од работната група за набавка на рударска опрема за потребите на ПЕ Рудници – подружница РЕК Битола
  • Информација за проектот Вардарска Долина;
  • Информација за проектот Пискупштина;
  • Предлог-одлука за избор на овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи за 2014 и 2015 година;
  • Правилник за заштита од пожари и експлозија;
  • Одлука за усвојување на текст на мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија на АД ЕЛЕМ;
  • Заклучок за квалитативна и квантитативна анализа на опции за снабдување на ТЕЦ Осломеј со гориво;
  • Предлог-одлука за изменување и дополнување на Статутот на АД ЕЛЕМ;
  • Информација за проектот ПВЕ Богданци;
  • Годишен план за јавни набавки на АД ЕЛЕМ за 2015 година;
  • Годишна инвестициска програма за 2015 година;
  • Извештај од работната група во однос на отворените прашања со Макпетрол АД;
  • Извештај од работната група за доставена информација од Бабкок за статусот за котел 1, 2 и 3 во ТЕЦ Битола;
  • Извештај за неизвршени обврски за изградба и проектирање на објектот Св.Петка од страна на изведувачот РИКО ДОО Љубљана.

Секторот за правни и општи работи во текот на 2014 година подготви материјали за 15 состаноци на Надзорниот одбор на АД ЕЛЕМ-Скопје, на кои беа разгледани извештаите за работењето на секторите во АД ЕЛЕМ-Скопје и други материјали за кои Надзорниот одбор е надлежен да одлучува, согласно закон и актите на друштвото.

Во Секторот за правни и општи работи се подготвени сите записници од состаноците на Управниот одбор, Надзорниот одбор и записниците од состаноците на другите комисии, и се подготвени и објавени 15 службени гласници на Друштвото.

Секторот за правни и општи работи во текот на овој период спроведе постапка за доброволно престанување на  работниот однос  на работниците  во Дирекцијата и подружниците на АД ЕЛЕМ, согласно Колективниот договор на АД ЕЛЕМ, со склучување на писмени спогодби за откажување на договорите за вработување на работниците. По овој основ  престана работниот однос на вкупно 201 работник, од кои 6 од  ХЕС Маврово, 6 од ХЕС Црн Дрим, 2 од ХЕС Треска, 174 од  РЕК Битола, 8 работници од РЕК Осломеј, 2 работници од Енергетика и 3 од Дирекција.

Вкупниот број на вработени во АД ЕЛЕМ- Скопје заклучно со 31.12.2014 година  изнесува 4.498 работници на неопределено време и 529 работници преку Агенција за привремени вработувања.

Според степенот на стручна подготовка најголем број вработени 1.817 или 40,4% се со IV степен средно училиште; 1.128 вработени или 25,08% се со III степен средно училиште во занимање; 512 вработени или 11,38% се ПК работници со II степен; 448 вработени или 9,96% се со VII/1 степен или високо образование; 270 вработени или 6% се со I степен неквалификувани вработени; 135 вработени или 3% се со VI степен вишо образование; 120 вработени или 2,67% се со V степен високо квалификувани вработени; 64 вработени или 1,42% се со VII/2 степен магистри и 4 вработени или 0,09% се со VIII степен доктори на науки.  Табеларен преглед е прикажан во прилог 1.

Според возраста најголем број вработени 1.927 или 42,84% се на возраст од 46-55 години; 977 вработени или 21,72% се на возраст од 56-63 години; на возраст од 36-45 години има 979 вработени или 21,77%; на возраст од 26-35 години има 550 вработени или 12,23%; на возраст до 25 години има 40 вработени или 0,89% и на возраст над 64 години има 25 вработени или 0,56%. Табеларен преглед е прикажан во прилог 2.


Според половата структура во АД ЕЛЕМ-Скопје има 3.899 мажи или 86,68% и 599 жени или 13,32%. Табеларен преглед е прикажан во прилог 2.

Бројот на работниците во Дирекцијата и подружниците на АД ЕЛЕМ- Скопје, со состојба 31.12.2014 година е следна: подружница ХЕС Маврово-Гостивар-351 вработен, подружница ХЕС Црн Дрим-Струга-206 вработени, подружница ХЕЦ Тиквеш-Кавадарци-89 вработени, подружница ХЕС Треска-Скопје-95 вработени, подружница РЕК Битола-Новаци-2.688 вработени, подружница РЕК Осломеј-Осломеј-764 вработени, подружница Енергетика-Скопје-150 вработени и Дирекција-Скопје-155 вработени.

Во делот на одбрана, заштита и спасување и кризи во овој период преземени се повеќе активности, меѓу кои позначајни се:
- Изработка на предлог  воен електро енергетски биланс за работа во услови на војна за 90 дена на АД ЕЛЕМ - Скопје  2014 г. Предлогот е доставен до УО на АД ЕЛЕМ -Скопје во соработка со Секторот за производство на електрична енергија.
-  Доставување на ВЕЕБ за 2014 г. со Одлука од УО  до Министерство за економија.
- Изработка на процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи и план за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи за Дирекцијата на АД и доставување на истиот до ДЗС- Подрачно одделение за заштита  и спасување -  Општина Центар за мислење/согласност.
-  Процени и планови до УО на АД за донесување на Одлука за изработка на процени и планови за заштита и спасување од Дирекција и подружниците на АД од УО на АД ЕЛЕМ - Скопје.
- Изработка на заеднички документи за заштита и спасување на вработени, корисници на услуги со ЕВН - Скопје
- Одржување на основи обуки  на штабови за заштита и спасување во сите подружници на АД ЕЛЕМ - Скопје.
- Учество во меѓународна вежба СЕЕСИМ-14, изработка на документи согласно поставените задачи за вежбата.

Во делот на безбедноста и здравјето при работа во овој период преземени се повеќе активности, меѓу кои позначајни се:

  • Работено е на обединување-координирање на работата на референтите по подружниците на Друштвото во спроведувањето на мерките за заштита при работа и заштита на животната средина.
  • Иницирана е постапка за интервентна набавка на лична заштитна опрема за работниците по подружниците и Дирекција.
  • Работено е на стручни работи во остварување на заштитата при работа на работниците.
  • Организирани се периодични прегледи на опремата.
  • Вршена е анализа на повредите при работа, спроведување на здравствени прегледи, спроведување на законски обуки за работа со дефибрилатор и отворање на здравствени пунктови во Дирекција и подружниците.

- Работено е со  комисии за имплементација на системот за БЗР- ОХСАС18001.

 

Copyright © 2015 А.Д ЕЛЕМ. Сите права се заштитени.