ХЕ Бошков Мост
ХЕ Бошков Мост е сложен хидроенергетски систем со кој се предвидува целосно искористување на хидропотенцијалот на Мала Река, односно нејзините притоки Тресонче, Росоки, Лазарополска река, Валовница, Гарска, Звончица и Белешница, чиј слив се наоѓа во западниот дел на Република Северна Македонија. Хидроелектричната централа Бошков Мост со доводните и одводните инсталации и машинската зграда се наоѓа во западните предели, во близина на ХЕЦ Шпилје, односно во близина на Дебар. Во непосредна близина на објектот минува републичката магистрала Скопје-Дебар-Охрид. Таа е типично деривациона постројка каде се зафаќаат водите од Мала Река која пак се влива во Радика на 10 km возводно од вливот на Радика во Црн Дрим.
Проектот предвидува изградба на брана и формирање на акумулација, зафати на сите потоци од сливот на Мала Река, деривациони канали, тунел, цевовод и машинска зграда.
Хидроелектричната централа Бошков Мост се предвидува да работи во часовите на врвните дневни оптоварувања. Тоа значи дека ќе работи најмалку 5 часа во текот на денот и тоа во летниот период, додека во другиот дел од годината бројот на работни часови ќе варира во зависност од хидролошките услови. Согласно анализите изработени во рамки на идејниот проект ХЕЦ Бошков Мост годишно би требало да произведува 117 GWh електрична енергија.
Со овој проект се постигнуваат следниве ефекти:
- Се зголемува вкупната инсталираната моќност на капацитетите на АД ЕЛЕМ за 71,50 MW и годишното производство на ее за дополнителни 117 GWh.
- Производство на врвна енергија од околу 117 GWh за покривање на дневните врвови, што значи намален увоз и можности за креирање пазарен продукт во услови на отворен пазар на електрична енергија.
- Се заокружува системот хидроелектрични централи во сливот на Црн Дрим.
- Со изградбата на Бошков Мост ќе се зголеми уделот на обновливи извори во производството од АД ЕСМ. Република Северна Македонија има обврски кон Европска унија за исполнување на целите за 20% производство од обновливи извори во енергетскиот биланс, цел што е поставена и поддржана од сите релевантни институции во РСМ.