Живојно

Наоѓалиштето „Живојно“ е третото главно лежиште за јаглен во Пелагонискиот регион. Лоцирано е приближно 35 км југоисточно од градот Битола, до самата граница на Р. Северна Македонија со Р. Грција, на 20 км од рудникот Суводол, како продолжение на рудникот Брод-Гнеотино. Зафаќа површина од приближно 25 км2.

Од систематските истражувања, спроведени во периодот од 1966 до 1984 година од Геолошки завод – Скопје, е изработен Елаборат за рудните резерви во јагленовото наоѓалиште Живојно. Во октомври 2012 година беа завршени деталните геолошки истражувања од кои се добија финални точни параметри во поглед на квалитетот и квантитетот на јагленовите слоеви, геотехничките, геолошките и хидролошките податоци од околните карпи.

Според техничко-економската анализа за експлоатација на јагленот од рудникот Живојно изработена во 2013 година од „Премоговник“- Велење, Словенија, постојат оправдани можности за ископување на јаглен со подземна експлоатација на рудникот со капацитет од 1 милион тон јаглен годишно. Вкупните проценети геолошки резерви на јаглен во наоѓалиштето Живојно, можноста за нивна експлоатација и близината на ТЕ „Битола“ (cca 20 km) ги оправдува напорите за негова употреба при подолг период. Освен продолжувањето на животниот век на термоелектраната Битола, друг позитивен ефект е превенцијата на поголеми увози на електрична енергија.

Во моментов, во фаза на изработка е главен рударски проект за отворање, разработка и за експлоатација на јагленот од наоѓалиштето „Живојно“ со јамска технологија.

Живојно