КОНКУРС за доделување 10 стипендии за студентите на МФС

КОНКУРС за доделување 10 стипендии за студентите на МФС

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ и Машински
факултет-Скопје, се распишува

КОНКУРС

за доделување 10 стипендии за студентите на Машински факултет-Скопје

На конкурсот можат да се пријават студенти кои студираат на една од следните студиски
програми:
• Термичко инженерство
• Хидраулично енергетско инженерство
• Енергетика и екологија
Право на учество имаат сите студенти кои ги исполнуваат следните критериуми:
 студентот да е редовен студент запишан на прв циклус студии по првпат во прва
студиска година во учебната 2018/2019 година;
 просечната оценка на студентот до датумот на аплицирање да не е помала од 8.0;
 студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа,
институција или компанија;
 студентот да е државјанин на Република Северна Македонија;
Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од
3 (три) члена и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во АД ЕСМ и 1 (еден) член од
Машински факултет-Скопје.
Селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе биде
направена врз основа на остварениот просечен успех на студентот, освоените поени при
упис на факултет и резултатите од реализираното интервју, кое ке го врши комисијата
составена од два претставници од АД ЕСМ и еден претставник од факултетот согласно
следната методологија:
• освоени поени од остварениот просечен успех на студентот до датумот на
аплицирање, најмногу 70 поени.
• освоените поени при упис на факултетот, најмногу 25 поени.
• резултати од реализираното интервју, најмногу 5 поени.
Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари месечно и ќе се доделува за
времетрање од 10 (десет) месеци годишно, со можност за продолжување или за прекин,
во зависност од исполнувањето на обврските од страна на студентите пропишани со
Договорот за стипендирање.

Со избраниот кандидат ќе се потпише Договор за стипендирање.
Кандидатите на кои ќе им биде доделена стипендија имаат обврска студиската година да
ја завршат во рок и со просек не помал од 8, во спротивно, стипендистот го губи правото
на стипендија и се обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го
склучил Договорот за стипендирање и други обврски пропишани во Договорот за
стипендирање.

Потребна документација за аплицирање:
• Пополнета апликација/прашалник подготвен од страна на АД ЕСМ
• Мотивациско писмо
• Потврда за редовен студент запишан во прва година на студии
• Уверение за положени испити и остварен успех во учебната 2018/2019
• Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга установа,
институција или компанија потпишана и од солидарен гарант.
• Копија од уверение за државјанство на Република Северна Македонија
Апликацијата/прашалникот е објавена на интернет-страницата на Машински факултетСкопје
Начин на аплицирање:

Документите се поднесуваат во Архивата на Машински факултет-Скопје (во Деканатот)
или по пошта на адреса Машински факултет, Руѓер Бошковиќ бр.18, 1000 Скопје,
Република Северна Македонија во периодот од 05.06.2019 до 21.06.2019 година.