Leider ist der Eintrag nur auf Македонски verfügbar.
Leider ist der Eintrag nur auf Македонски verfügbar.
Leider ist der Eintrag nur auf Македонски verfügbar.
Повик за претквалификација за избор на консултант за изработка на фисибилити студија за проектот Фотонапонски електрани Битола 60 mw и 100 mw. АД ЕСМ ги информира сите заинтересирани компании да се пријават на порталот за е-набавки на GTAI (Germany Trade & Invest) која е економска развојна агенција на Сојузна Република Германија (www.gtai.de) и TED (Tenders Electronic Daily) која е електронска тендерска платформа на Европска Унијa (www.ted.europa.eu). […]
Повик за претквалификација за избор на консултант за изработка на фисибилити студија за проектот Парк на ветерни електрани Миравци АД ЕСМ ги информира сите заинтересирани компании да се пријават на порталот за е-набавки на GTAI (Germany Trade & Invest) која е економска развојна агенција на Сојузна Република Германија (www.gtai.de) и TED (Tenders Electronic Daily) која е електронска тендерска платформа на Европска Унијa (www.ted.europa.eu). Заинтересираните компании […]
Новата градежна машинa во РЕК Битола ќе се користи за правење на траси за транспортните траки при влечење и монтажа на транспортни единици, како и за изработка и рамнење на пристапни патишта во рудниците. Грејдерот е со моќност од 147 kW и тежина од 17.200 килограми. Производител на машината е Liu Gong, компанија во чија сопственост е полската Stalоwa wola, во рудниците на РЕК Битола […]
„Ми претставува голема чест и задоволство што денес и официјално се потпишуваат договорите за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј од 100 мега-вати. Станува збор за една од најголемите инвестиции во енергетиката, поточно во обновливите извори за производство на електрична енергија. Вредност на инвестицијата е 70 милиони евра, а ова постапка успешно ја завршивме по пат на јавно – приватно партнерство“, рече премиерот Заев на […]
На иницијатива на АД ЕСМ денеска се одржа меѓуинституционален состанок во хидроелектраната Тиквеш во Кавадарци во врска со актуелни прашања поврзани со акумулацијата Тиквеш, водостојот на езерото, производството на електрична енергија, наводнувањето на Тиквешко поле во периодот кој следува, како и другите дејности кои зависат од водата во акумулацијата и нејзиното ниво. Покрај раководството на АД ЕСМ, на состанокот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и […]
АД ЕСМ ја извести Енергетската заедница дека ќе почне со внатрешно пресметување на ,,цена на јаглерод”, како подготовка на компанијата до воведувањето на задолжителното законодавство кое, усогласено со европските и светските енергетски и климатски трендови, ќе наметне повисоки цени за електричната енергија која ке биде произведувана од јаглен. За интерните потреби на компанијата, цената на електричната енергија произведена од термоелектраните ќе биде земана предвид со […]
Интервју на генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, за емисијата АКТУЕЛНО на Македонско радио Радио Скопје. Теми за разговор беа потпишаните меморандуми за инвестиции во терминалот за течен гас и во гасна електрана во Александропули, Грција, потоа енергетската транзиција и супституцијата на производството на електрична енергија од јаглен во РЕК Битола со други почисти капацитети, ревитализацијата на хидроелектраните, проектите за фотонапонските електрани, и […]
„Официјално ја зацврстуваме соработката на полето на енергетиката со компании од соседна Република Грција. За таа цел се потпишани Меморандуми за соработка за реализација на проектите: Терминал на течен природен гас Александруполи, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александруполи“, истакна премиерот Зоран Заев на денешното потпишување на трите меморандуми за соработка помеѓу Националните енергетски ресурси „НЕР АД“ Скопје и „Елени Асмина Копелозу“, […]