КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ – ШТИП

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ и Факултетот за природни и технички науки – Штип при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, се распишува Конкурс за доделување 2 стипендии за студентите на Факултетот за природни и технички науки – Штип.

На конкурсот можат да се пријават:

  • Студенти од студиската програма рударство

Право на учество имаат сите студенти кои ги исполнуваат следните  критериуми:

  • да е редовен студент запишан на прв циклус студии по првпат, во прв или трет семестар во учебната 2019/2020 година;
  • просечната оценка на студентот до датумот на аплицирање да не е помала од 8.0;
  • студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  • студентот да е државјанин на Република Северна Македонија;

Повеќе информации за конкурсот