ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПРОЕКТИ НА ФОРУМОТ 100 ДЕНА ВЛАДА

На денешниот Форум ,,100 дена Влада” премиерот Ковачевски даде значителен простор на постигнатото во сферата на енергетиката и особено во инвестициите во обновливи извори на енергија.
Ковачевски нагласи дека државата ја спроведува Стратегијата за транзиција на енергетскиот сектор, којашто во основа значи транзиција кон обновливи извори на енергија.
„За таа цел веќе ја пуштивме во пробна работа фотонапонската централа од 10 мегавати на старите наоѓалишта на јаглен во Осломеј. Таму веќе имаме потпишано и договори на основа на јавно приватно партнерство со партнер од Турција, ФОРТИС компанијата за дополнителни 50 мегавати, проектирањето е практично во финална фаза, и уште 50 мегавати со уште една компанија „Солар Про“ на иста основа за дополнителни 50 мегавати.
Дополнително ЕСМ, државната компанија, ќе гради уште 10 мегавати на истиот простор со што ќе имаме 120 мегавати производство на чиста енергија на стари наоѓалишта на јаглен наместо 120 мегавати кои што во моментов ги имаме од РЕК Осломеј, загадувачка црна енергија од јаглен“, посочи премиерот Ковачевски на Форумот 100 дена од работењето на Владата.
Премиерот ги издвои и проектот за 200 мегавати гасна електрана во РЕК Битола, како проектите за фотонапонски и ветерни електрани.
Премиерот Ковачевски го издвои и Чебрен како монументален историски проект којшто го воделе веројатно сите Влади, кој за прв пат се наоѓа во втора фаза.
Инаку, хидроелектраната Чебрен ќе се гради како Јавно-приватно партнерство во кое јавниот партнер ќе биде АД ЕСМ.