Teksti nuk është përkthyer akoma në %LANG:,
АД ЕСМ ја извести Енергетската заедница дека ќе почне со внатрешно пресметување на ,,цена на јаглерод”, како подготовка на компанијата до воведувањето на задолжителното законодавство кое, усогласено со европските и светските енергетски и климатски трендови, ќе наметне повисоки цени за електричната енергија која ке биде произведувана од јаглен. За интерните потреби на компанијата, цената на електричната енергија произведена од термоелектраните ќе биде земана предвид со […]
Интервју на генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, за емисијата АКТУЕЛНО на Македонско радио Радио Скопје. Теми за разговор беа потпишаните меморандуми за инвестиции во терминалот за течен гас и во гасна електрана во Александропули, Грција, потоа енергетската транзиција и супституцијата на производството на електрична енергија од јаглен во РЕК Битола со други почисти капацитети, ревитализацијата на хидроелектраните, проектите за фотонапонските електрани, и […]
„Официјално ја зацврстуваме соработката на полето на енергетиката со компании од соседна Република Грција. За таа цел се потпишани Меморандуми за соработка за реализација на проектите: Терминал на течен природен гас Александруполи, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александруполи“, истакна премиерот Зоран Заев на денешното потпишување на трите меморандуми за соработка помеѓу Националните енергетски ресурси „НЕР АД“ Скопје и „Елени Асмина Копелозу“, […]
Во рамките на билатералната соработка на УСАИД и Р.Северна Македонија, АД ЕСМ доби техничка поддршка од страна на УСАИД во вид на проект за модернизација на работењето на компанијата. Проектот го изработи американската фирма за консултантски и инженерски услуги Tetra Tech. Inc, како Програма за модернизација на АД ЕСМ. Програмата е изготвена врз основа на сеопфатна анализа на работењето на ЕСМ, и нуди […]
Работен состанок на генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски и Управниот одбор на компанијата со ЗПВРСМ Фатмир Битиќи. Тема на состанокот беа повеќе прашања од работењето на АД ЕСМ, како и утврдувањето динамика за редовни средби, со оглед на важноста на Друштвото за енергетскиот сектор и за вкупната економија во државата.
Од 2017 година, на РЕК Битола му е од исклучителна важност запазувањето на еколошките норми во работењето при производството на електрична енергија. За разлика од порано, комбинатот и АД ЕСМ во последните три години со забрзано темпо ги следат и реализираат бројните еколошки процеси за кои имаат преземено обврска и со кои треба државата да се прилагоди на високите европски стандарди за минимум емисии при […]
„Потпишувањето на договорот значи користење на грант неповратни средства од германската влада во износ од 2,4 милиони евра, со цел изработка на технички студии и документи кои се неопходен чекор во насока на инвестициите во обновливи извори на енергија. Овие грант средства ни ставаат на располагање дополнителни 80,5 милиони евра евтини кредити за изградба на енергетските објекти“, истакна премиерот Заев на потпишувањето на Договорот за […]
Centrale fotovoltaike CF Oslomej 1, CF Oslomej 2 dhe CF Oslomej 3 – PPP Në vendin tonë, termocentralet me qymyr dhe hidrocentralet janë kapacitetet kryesore prodhuese të energjisë elektrike, ndërsa me një përqindje të caktuar janë të përfaqsuara burimet e rinovueshme të energjisë – era dhe dielli. Nga totali i prodhimit të energjisë elektrike në vend, 70% vjen nga ShA ESM. Ndërkaq, raporti i kapacitetit […]