ФЕ БИТОЛА

ФЕ Битола 1-20 MW, ФЕ Битола 260 MW, ФЕ Битола 3100 MW

Тековните глобални енергетски трендови наложуваат поамбициозно преминување кон зелена транзиција, при што обновливите извори на енергија се меѓу најважните фактори што ќе ја овозможат таа транзиција. Во таа смисла АД ЕСМ засилено го насочува својот фокус кон развој и реализација на нови проекти за производство на електрична енергија, со цел зголемување на уделот во обновливи извори на енергија, а поконкретно со фотонапонски електроцентрали со поголем (large scale) инсталиран капацитет.

Со оглед на достапните енергетски ресурси и земјиштето кое е во споственост на АД ЕСМ, како и искористувањето на постоечката инфраструктура во кругот на РЕК Битола, најфлексибилната опција која што ќе овозможи производство на чиста енергија од обновливи извори се фотонапонските електрани. Во таа насока отпочнати се развојни активности во соработка со КФВ Развојната Банка – Германија и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за реализација на проектите.

За ФЕ Битола 1, со инсталирана моќност од 20 MW, со просечно годишно производство од 32 GWh, кој што ќе биде финансиран заедно со ФЕ Осломеј 2 преку поволен заем од ЕБОР во висина од 25 милиони евра.

Исто така, започнати се почетни активности каде во тек е избор на консултант/надзор за проектите ФЕ Битола 2 со инсталирана моќност од 60 MW, со годишно производство од околу 100 GWh и проценета вредност од 47 милиони евра, како и за проектот ФЕ Битола 3 кој ќе биде со инсталирана моќност од најмалку 100 MW, со годишно производство од околу 175 GWh, и проценета вредност од 87 милиони евра, за кои што капацитети веќе се изработени и одобрени физибилити студии и студии за животна средина, одредени се локациите и завршени се анализите за приклучок.

Слика 1: Приказ на ФЕ Битола 1
Слика 2: Приказ на ФЕ Битола 2 (60MW) и ФЕ Битола 3 (100MW)                                  

Проект ФЕ Битола 1
Проект ФЕ Битола 2
Проект ФЕ Битола 3
Не-техничко решение ФЕ Битола
План за вклучување на засегнатите страни ФЕ Битола
Non-technical summary PVPP Bitola
Stakeholder engagement plan PVPP Bitola
Non-Technical Summary – PVPP Bitola 2 & 3
Stakeholder Engagement Plan – PVPP Bitola 2 & 3
Public Grievance Leaflet – PVPP Bitola 2 & 3
Public Grievance Form – PVPP Bitola 2 & 3


 

Решение ФЕЦ Битола 1

Елаборат за заштита на животна средина за изградба на фотонапонска електроцентрала Битола 1

Образец за поплаки

Grievance form