Нашиот однос кон животната средина

Промоцијата на заштитата на животната средина како етичка вредност подразбира одговорно работење и преземање на сите чекори и мерки кои значат заштита на животната средина и одржливиот развој. Сите компании се насочени кон постигнување и покажување на својот придонес за заштита на животната средина преку контрола на влијанието на своите активности, процеси и услуги на животната средина.

Во согласност со политиката на нашата компанија за неопходноста да ја заштитиме, зачуваме и да ја унапредиме животната средина за сегашните и за идните генерации и со цел да го промовираме одржливиот развој ние воведуваме меѓународни стандарди што се однесуваат на заштитата на животната средина. Ги преземаме сите чекори за да ја воспоставиме Политиката за заштита на животната средина, воспоставуваме цели и процеси за контрола на влијанието на своите активности и услуги, преземаме мерки за идентификување, а со тоа и за сведување на минимум на штетните влијанија од производствените капацитети врз животната средина.

Вршиме редовен мониторинг на сопствените производствени капацитети и нивното влијание врз животната средина. Во таа насока континуирано ги следиме количините штетни гасови и честички што се емитираат во воздухот од термоелектричните централи и транспарентно ги објавуваме. Покрај емисиите на штетните гасови во воздухот, се следат и емисиите во водата и во почвата. Врз основа на утврдените податоци за емисии во сите медиуми се спроведуваат адекватни мерки за нивно намалување или избегнување: рекултивирање и пошумување на експлоатираните јагленови ископи, неутрализација на отпадните води и заштита на флората и фауната од негативните влијанија од хидроакумулациите врз микро и макроклимата. При планирањето и изведбата на новите проекти секогаш ги земаме предвид влијанијата кои може да произлезат од спроведување на новите проекти, кои вклучуваат социо-економски влијанија, финансиски влијанија, како и влијанијата врз животната средина. Го промовираме производството на електрична енергија од обновливи извори и истражуваме нови можности за развој на енергетскиот сектор кои се темелат на принципите на одржливиот развој. Успешно го спроведуваме Системот за управување со животната средина согласно стандардот ISO 14001:2015 за што поседуваме меѓународен сертификат.

Сертификат ISO 14001:2015
 Анекс ISO 14001:2015

Меѓународните протоколи и обврски за намалување на емисијата на CO2 (Kyoto protocol) и локалните еколошки проблеми ги приморале Владите на многу земји со различни субвенции да ја поттикнувааат изградбата на еколошки чисти електрани кои ги користат обновливите извори. Оваа политика придонела до очигледна популаризација и зголемување на уделот во одредени обновливи извори во вкупното производство на електрична енергија.

Темелен и обврзувачки принцип на нашата компанија е старата индијанска поговорка :

„Оваа планета не ја наследивме од предците, туку ја позајмивме од нашите деца.“

 Политика за заштита на животна средина