40 јубилејно издание на Шарпланинскиот куп

На падините на Попова Шапка во периодот од 22 до 24 февруари 2013 година се одржа четириесеттиот, јубилеен, Шарпланински куп под покровителство на Владата на РМ. АД Електрани на Македонија, согласно Декларацијата за општествена одговорност, и оваа година ја поддржа манифестацијата како генерален спонзор.

Учесниците се натпреваруваа во две трки во машка конкуренција, велеслалом и слалом,  на патеките Орлова и Езерино на Попова Шапка. Победникот на Шарпланинскиот куп, традиционално, покрај паричната награда доби и шарпланинче на подарок.

Според техничкиот директор на трката, поранешната словенечка скијачка легенда Бојан Крижај, во овие четири години организацијата постојано напредува. – Секоја година е се полесно поради искуствата што ги собираме заедно. Се надевам дека 41 издание на Шарпланинскиот куп ќе биде уште подобро- додаде Крижај.

Со цел да се искористи потенцијалот на Попова Шапка, АД ЕЛЕМ изработи мастер план за инвестиции во овој туристички центар што го усвои Владата, со што се создаваат услови од идната година Шарпланинскиот куп повторно да се кандидира за натпревар за Европскиот куп, а Македонија да биде на мапата на важните интернационални спортски збиднувања.