ХЕ Велес
ХЕ „Велес“, како дел од проектот „Вардарска Долина“ е предвидена да се гради на средниот тек на р. Вардар, помеѓу Скопје и Велес во клисурниот дел на реката. Согласно проектот, акумулацијата „Велес“ целосно ја потопува железничката пруга Скопје – Велес на потегот од железничката станица Зелениково до преградното место, поради што ќе треба да се изврши дислокација на железничката пруга.
Со енергетско искористување на потегот Таор-Велес т.е. со изградбата на ХЕЦ „Велес“ ќе биде потребно преместување на железничката пруга, но, притоа не се доведуваат во прашање веќе решените водостопански проблеми во Скопската Котлина. Оправданоста за изградба на ХЕЦ „Велес“ се поткрепува со следниве придобивки:
- обезбедено е слободно течење на водите на реката Вардар низ Скопската Котлина, што се постигнува со реализација на проектот за регулација на р. Вардар, потоа несметано истекување на подземните води, како и одводнување на Скопското Поле;
- оптимално енергетско користење на расположливиот енергетски потенцијал на реката Вардар на потегот Таор-Велес;
- создавање услови за водоснабдување на индустријата и градот Велес со потребната вода;
- создавање услови за пооптимално користење на водата низводно од Велес, како за потребите на водостопанството така и за енергетски потреби;
- радикално решавање на железничкиот сообраќај во клисурата, низводно од Таор, со можност за правилно решавање на велешкиот јазол и железничката станица Велес и
- придонес за обезбедување услови за развој на туризмот во непосредна близина на Скопје.
Главни карактеристики на ХЕ Велес
Висина на брана | 59,50 m |
Должина на круна на брана | 135,00 m |
Ширина на круна на брана | 6,00 m |
Корисен волумен на акумулација | 64,00 x 106 m3 |
Инсталиран проток | 195,00 m3/s |
Нето пад | 53,50 m |
Тип на турбина | Францис |
Број на агрегати | 3 |
Инсталирана моќност по агрегат | 31,00 MW |
Пресметана инсталрана моќност | 93,10 MW |
Средногодишен проток на локацијата | 76,40 m3/s |
Средногодишно производство | 310 GWh |
Период на градба | 6 години |
Изместување на железница | 30 km |
Вкупно чинење на проектот | 157,7 милиони евра |