ФЕ ОСЛОМЕЈ

ФЕ Осломеј 1


Проектот фотонапонската електрана „Осломеј“ е дел од стратегијата на „АД Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) за менување на начинот на производството на електрична енергија односно зголемено искористување на обновливите извори на енергија на сметка на фосилните горива. Производство од обновливи енергетски извори ќе овозможи чиста енергија и за државата и за регионот. Спроведувањето на проектот ќе ја зголеми инсталираната моќност на производствените објекти на ЕСМ за 10 MW и производство на електрична енергија за дополнителни 15 GWh.

Фотонапонската електрана „Осломеј“ ќе се гради на јаловиштето во рамките на некогашниот рудник за јаглен што ќе овозможи корисна повторна употреба на моментално неискористената индустриска земја, на веќе постоечкиот рудник во околината на РЕК „Осломеј“, на 15 хектари земјиште. Предвидено е замјиштето да се рекултивира со нова фотоволтаична електрана, што ќе произведува чиста енергија од обновливи извори. Овој проект е почеток на имплементацијата на една позитивна иницијатива со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето.

Проектот е со вкупна проценета вредност од 8,7 милиони евра и е финансиран од АД ЕСМ со помош на поволен заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 5,9. милиони евра. Фотонапонската електрана ќе биде проектирана и изградена од најкомпетентниот понудувач, во согласност со највисоките европски и светски стандарди. Предвиденото време на изградба на електраната е 10 месеци.

ФЕ Осломеј проект
Социјална политика ФЕ Осломеј
ФЕ Осломеј нетехничко резиме
PVPP Oslomej Non-technical Summary
ФЕ Осломеј нетехничко резиме алб
Елаборат за ЗЖС за изградба на ФЕ Осломеј
Елаборат за ЗЖС за изградба пристапен пат


Формулар за поплаки на проектот
Project grievance form and leaflet EN 
Project grievance form and leaflet ALB
Project grievance form and leaflet TR

ФЕ ОСЛОМЕЈ 2


По ФЕ Осломеј 1, проектот ФЕ Осломеј 2 со инсталирана моќност од 10 MW и планирано просечно годишно производство од 16 GWh електрична енергија, со поддршка од ЕБРД, ќе се реализира како континуитет на ФЕ Осломеј 1. Овој проект заедно со пректот ФЕ Битола, кој што е со инсталирана моќност од 20MW, ќе се финансираат со помош на поволен заем од Европска банка за обнова и развој во висина од 25 милиони евра

Земјиштето е во сопственост на АД „Електрани на Северна Македонија“ и локацијата е на кратко растојание од трафостаниците и патната инфраструктура односно во непосредна близина на веќе оперативна електрана, што обезбедува пристап до обучена работна сила. Комбинацијата на поволните локациски фактори, заедно со стратегиската определба на Владата, овозможува реален потенцијал за реализација на овој проект. Трошоците за изградба на ФЕ значително ќе бидат намалени затоа што ќе се искористи постоечката инфраструктура од  ТЕ „Осломеј“.

Проект ФЕ Осломеј 2
Не-техничко решение ФЕ Осломеј 2
План за вклучување на засегнатите страни ФЕ Осломеј 2
Non-technical summary PVPP Oslomej 2
Stakeholder engagement plan PVPP Oslomej 2
Përmbledhje jo-teknike CF Oslomej 2
Plani i angazhimit të palëve të interesuara CF Oslomej 2


 

Образец за поплаки
Grievance Form
Formulari i ankesave