Капиталните инвестиции во нови производствени капацитети од обновливи извори и предизвиците на патот кон целосна трансформација на зелена енергија беа главни теми на денешната работна средба помеѓу генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев и евроамбасадорот Михалис Рокас. На состанокот присуствуваа директорот за финансии на АД ЕСМ, Иван Стојановски, и Александру Албу, раководител на оператива 2 во Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Узунчев го […]