ЈАВЕН ПОВИК ЗА ХЕЦ ЧЕБРЕН – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИЈА

Владата на Република Северна Македонија преку Комисија за спроведување на постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, (“Комисијата“), ги поканува сите потенцијални понудувачи (секој како “Потенцијален понудувач“) за доставување на документи за учество во претквалификација (“Претквалификациски документи”) за доделување и спроведување на Договор за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река. Ова вклучува проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување и пренос на хидроелектрични централи Чебрен со брана Орлов Камен (со можност за хидроцентрала ) исто како и управување со постоечката хидроелектрична централа Тиквеш лоцирани на Црна река во Република Северна Македонија. (“Проектот“).

Јавен повик Чебрен