ХЕС Црн Дрим
СТРУКТУРА
| Име и презиме | Функција | ||
| Гоце Божиновски | Директор на Подружница ХЕС Црн Дрим, Струга | ||
| Тони Маркоски | Раководител на Служба за производство на електрична енергија | ||
| Дејан Пауноски | Управник на ХЕ ГЛОБОЧИЦА – СТРУГА | ||
| Алмедин Шаиноски | Управник на ХЕ ШПИЛЈЕ – ДЕБАР | ||
| Зоран Манојловиќ | Раководител на Служба за електро одржување | ||
| Евзија Дестаноски | Раководител на Служба за машинско одржување | ||
| Славко Милевски | Раководител на Служба за градежни работи | ||
| Драган Славкоски | Раководител на Служба за развој и инвестиции | ||
| Тони Костовски | Раководител на Служба за правни и општи работи | ||
| Живко Фармакоски | Раководител на Служба за финансиски работи | ||
| Климче Мечкароски | Раководител на Служба за операциони технологии, информатички технологии и телекомуникации | ||
| ХЕС ЦРН ДРИМ | contact@elem.com.mk | 046 785 400 |
ХЕС Црн Дрим ја сочинуваат две брани и хидроелектрани, ХЕ “ШПИЛЈЕ” и ХЕ “ГЛОБОЧИЦА”.
ХЕ “ШПИЛЈЕ” e најголемата акумулациска хидроелектрана на сливното подрачје на реката Црн Дрим во близина на Дебар. Хидроелектраната се наоѓа на самиот состав на реките Црн Дрим и Радика, па затоа режимот на дотекувањата во акумулацијата зависи од режимот на двете реки, а со својата акумулација врши месечно израмнување на дијаграмот на потрошувачка. Хидроелектраната “Шпилје” е проектирана и изведена со инсталирана моќност од 84 MW и годишно производство од 275 GWh.
ХЕ “ГЛОБОЧИЦА” се наоѓа во западна Северна Македонија на реката Црн Дрим, околу 30 km северно од Струга. Оваа деривациска електрана која го затвора тесниот профил на реката Црн Дрим, со својата акумулација врши неделно израмнување на дијаграмот на потрошувачка. ХЕ Глобочица има камено-насипна брана со висина од 94,5 m. Хидроелектраната “Глобочица” е проектирана и изведена со инсталирана моќност од 42 MW и годишно производство од 191 GWh.

Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch