ХЕ Градец

ХЕ „Градец“, како дел од проектот „Вардарска долина“, е предвидено да се гради во самото корито на р. Вардар, возводно од селото Удово (30,4 km од македонско-грчката граница) со цел да се искористи енергетскиот потенцијал на р. Вардар на потегот од с. Удово до Демир Капија, преку едно енергетско скалило.

Од усвоената диспозиција на ХЕ „Градец“ преливната гравитациона брана и машинската зграда се поставени приближно во средината на речната долина на р. Вардар, а странично кон бреговите се предвидени бетонските гравитациони делови на браната. Ваквото решение е усвоено поради тоа што овозможува изградба на преливната гравитациона брана и машинската зграда во I фаза, речиси насуво и со најбрз старт на почеток  на изградбата, паралелно со изработката на загатот од I фаза и паралелно со преместувањето на железничката пруга на таа делница.

Главни карактеристики на ХЕ Градец

Висина на брана 33,00 m
Должина на круна на брана 520,00 m
Ширина на круна на брана 10,00 m
Корисен волумен на акумулација 43,00 x 10m3
Инсталиран проток 240,00 m3/s
Нето пад 27,15 m
Тип на турбина Каплан
Број на агрегати 2
Инсталирана моќност по агрегат 28,80 MW
Пресметана инсталрана моќност 55,20 MW
Средногодишен проток на локацијата 141,20 m3/s
Средногодишно производство 243 GWh
Период на градба 6 години
Изместување на железница 22 km
Вкупно чинење на проектот 174,5 милиони евра

  Проект „Вардарска Долина“