RIS CuRE проект

Рециклирање до нула отпад на бакарните јаловишта во регионот на Источна и Југоисточна Европа

Времетраење на проектот: 1 јануари 2019 година – 31 декември 2021 година

Цел
Иако рударењето и обработката на јаловиштата може да претставуваат значителен ризик за животната средина, од друга страна, тие претставуваат вредни извори на секундарни и особено критични суровини. Србија и Македонија имаат изобилство на рудници за бакар кои се експлоатираат уште од античко време. Овие активности генерираа околу 920 M тони различни видови на рударски, флотациски и металуршки јаловишта, кои содржат приближно 1,3 M тони Cu, 128 тони Ag и 23 тони Au, што претставува вреден ресурс за европскиот пазар на суровини.

Решение (технологија)
Активностите на проектот RIS ‐ CuRE се засноваат на иновативен модел што ги спојува сите релевантни засегнати страни во рамките на триаголникот на знаење од областа на индустријата, истражувањето и образованието со цел да се зголеми регионалната конкурентност заснована на регионално ниво, земајќи ги предвид најновите знаења на конзорциумот RIS ‐ CuRE. Овој иновативен пристап се заснова на парадигмата за нулта отпад, што значи дека, доколку се извлечат вредни суровини како ЦРМ и други метали, остатоците може да се рециклираат за градежниот сектор. Ваквиот холистички еко-иновативен пристап кон екстракција на вредни метали и корисна употреба на остатоци по екстракцијата на метали, дава гаранција за успешен развој на регионална шема за иновации заснована врз експлоатацијата на јаловишта, и е од економска, организациска, технолошка, еколошка и социјална гледна точка, најзгодната опција. Ова ќе доведе до развој на охрабрувачки амбиент за зајакнување на претприемништвото и меѓуинституционалната соработка во регионот, засновано на истражување на секундарни наоѓалишта на суровини. Конечниот резултат на проектот ќе биде силна одржлива регионална мрежа, заснована врз валидни податоци поткрепени со факти, вклучувајќи и студија за потенцијалните економски, технолошки, организациски (законодавни), влијанија врз животната средина и општеството од примената на иновативната методологија за експлоатација со нула отпад на економски интересни материјали во Србија и Македонија.

Партнерство

  • Градежен Институт Словенија, ZAG (Словенечки национален институт за изградба и градежништво), Словенија (водечки партнер)
  • Стопанска комора на Србија, Србија
  • Стопанска комора Вратса, Бугарија
  • Градежен Институт Македонија, Македонија
  • ДПТУ БУЧИМ ДОО, Радовиш, Македонија
  • ЕСМ, Македонија
  • Геолошки завод на Словенија, GeoZS, Словенија
  • Универзитет Гоце Делчев, Штип, Македонија
  • Фондација Гомез Пардо, Шпанија
  • ИРГО Консалтинг, Словенија
  • Рударско топилнички комбинат Бор, Србија (заменет со EcoLive од Словачка)
  • OUTOTEC (Финска) Ој, Финска
  • Универзитет во Белград, Технички факултет Бор, Србија
  • Универзитет во Петрошани, Романија 

 RIS CuRE леток

Линкови:
https://eitrawmaterials.eu/project/ris-cure/
http://ris-cure.zag.si/ 
http://www.zag.si/en/projects/7802eba077dc0c2a177b5c428c32f846