ЕВН Македонија континуирано го поддржува професионалниот развој на млади и амбициозни луѓе , за таа цел го промовира проектот Trainees 2012 кој е дел од традицијата на компанијата за континуирано вложување во стручното и професионално усовршување на младите кадри.
ЕВН Македонија со проектот Trainees 2012
нуди одлична можност за почеток и развој на кариера преку 1 годишна работа, ротација во повеќе организациски единици и специјализација на точно определена проблематика
Услови за аплицирање за учество во програмата
• Апсолвенти или дипломирани (2009,2010 година) на:
1) Електротехнички факултет – електро енергетика
2) Економски факултет, Правен факултет – правни студии
• Познавање на англиски и/или германски јазик
• Познавање на Microsoft Office пакетот
• Желба за надоградување и продлабочување на стекнатото знаење
• Комуникациски и презентациски вештини, лидерски способности, флексибилност и тимски дух
• Способност за решавање проблеми и развиени аналитички вештини
АПЛИЦИРАЈТЕ ВЕДНАШ!
Испратете Ваше CV – кратка биографија и мотивациско писмо најдоцна до 18.11.2011 год. на e-mail: trainees2012@evn.mk Сите кандидати кои ги исполнуваат критериумите имаат еднакви можности за избор. Изборот ќе се врши со претходно тестирање и интервјуирање на кандидатите од страна на специјализирана консултантска компанија.
По завршување на едногодишната програма ЕВН Македонија нуди можност за редовно вработување на најуспешните учесници.
|