Прекин во испораката на топлинска енергија за корисниците на ЕСМ Енергетика

Прекин во испораката на топлинска енергија за корисниците на ЕСМ Енергетика

Ве известуваме дека поради испад на трансформатор во ТС „Север“, во наредните часови без испорака на топлинска енергија ќе останат потрошувачите кои ги снабдува ЕСМ Енергетика во населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром. Екипите  се веќе излезени на терен и интензивно работат на санација на дефектот со цел во најкус можен рок да се воспостави нормално снабдување со топлинска енергија.

ПОВЕЌЕ

Информација

Информација

Поради технички проблеми кај АД МЕПСО, вториот блок на ТЕ Битола остана без напон. Во моментов се изведуваат операции за вклучување на ТЕ Битола 3 кој се очекува да биде на синхронизиран во електроенергетската мрежа во вечерните часови. На електроенергетската мрежа се активни хидроелектраните на АД ЕСМ, ТЕ Осломеј, КОГЕЛ и Ветерниот парк Богданци. Поради нискиот конзум и поволните хидролошки услови, нема потреба од набавка […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕСМ со засилен кадар: 600 вработени сертифицирани за процесите на зелената енергетска трансформација

АД ЕСМ со засилен кадар: 600 вработени сертифицирани за процесите на зелената енергетска трансформација

Околу 600 вработени во АД ЕСМ се стекнаа со сертификати за успешно завршени обуки во рамките на стратешкиот процес за зелена енергетска трансформација, реализиран во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). На свечениот настан одржан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, заменик генералниот директор на АД ЕСМ, Реџеп Асани, истакна дека оваа инвестиција во човечкиот капитал […]

ПОВЕЌЕ

Иновативни решенија базирани на природа ќе се применат во ХЕЦ Глобочица

Иновативни решенија базирани на природа ќе се применат во ХЕЦ Глобочица

АД ЕСМ, Подружница ХЕС „Црн Дрим“ , беше домаќин на значајна работна средба организирана во рамките на меѓународниот проект NATURE-DEMO. Овој проект, поддржан од Европската комисија и реализиран во тесна соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), е насочен кон развој и демонстрација на иновативни решенија базирани на природата за зголемување на отпорноста на критичната инфраструктура пред сериозните климатски предизвици. Во време […]

ПОВЕЌЕ

Одбележани 70 години од големата трагедија во Мавровскиот регион: Почит за 52 загинати градители на Мавровскиот хидроенергетски систем

Одбележани 70 години од големата трагедија во Мавровскиот регион: Почит за 52 загинати градители на Мавровскиот хидроенергетски систем

Со комеморативен собир и положување свежо цвеќе пред споменикот на загинатите градители кај Мавровската брана, денеска беа одбележани 70 години од една од најголемите природни катастрофи во историјата на Македонија. На овој ден во 1956 година, во серија разорни снежни лавини во долината на реката Радика, животот го загубија 52 лица. Во присуство на вработени, претставници на локалната заедница и граѓани, со едноминутно молчење беше […]

ПОВЕЌЕ

Потпишани договори за 97 милиони евра: АД ЕСМ и Владата започнуваат историски инвестициски циклус во обновливи извори

Потпишани договори за 97 милиони евра: АД ЕСМ и Владата започнуваат историски инвестициски циклус во обновливи извори

Денеска, беа потпишани договорите за државна гаранција и договорите за заем во вкупна вредност од 97 милиони евра, наменети за два капитални енергетски проекти кои ќе ја трансформираат енергетската слика на државата.  Од овие средства, вкупно, 87 милиони евра кон АД ЕСМ се наменети за најголемата фотонапонска електрана „Битола 3“, 50 милиони евра од КфВ и 37 милиони евра од Европската банка за обнова и […]

ПОВЕЌЕ

Охридско Езеро е на безбедна кота, далеку од максимумот, под контрола е и нивото на акумулациите Глобочица и Дебарско Езеро

Охридско Езеро е на безбедна кота, далеку од максимумот, под контрола е и нивото на акумулациите Глобочица и Дебарско Езеро

АД ЕСМ ја информира јавноста дека интензивните врнежи кои ја зафатија земјава во изминатите четири дена влијаат на зголемување на нивото на акумулациите кои се користат за производство на електрична енергија, и не постои опасност од нивно преливање. Во сите акумулации нивото на водата расте, но има доволно простор за прифаќање на силните дотеци од овој бран. Особено е изразен порастот на котите во Југозападниот […]

ПОВЕЌЕ

Информација за јавност

Информација за јавност

АД ЕСМ ја известува јавноста дека во периодот од 22 до 28 ноември, ќе биде  спроведено планско исклучување на ТЕ Битола 1.  Оваа активност е неопходна за извршување на техничка интервенција која е од суштинско значење за долгорочна сигурност и ефикасност на постројката за време на зимските месеци. И покрај привремениот застој на ТЕ Битола 1, АД ЕСМ ќе ги обезбеди номинираните количини електрична енергија  […]

ПОВЕЌЕ

Коњановски од Белград: Инвестиции во хидроенергија се клучни за енергетска транзиција

Коњановски од Белград: Инвестиции во хидроенергија се клучни за енергетска транзиција

Директорот за производство на АД ЕСМ, Зоран Коњановски, беше панелист на Mеѓународната стручна конференција „Хидроелектраните – важна алка на енергетската транзиција“, што се одржа во Белград, во организација на специјализираниот реномиран портал „Енергија Балкана“. Нашите хидропотенцијали имаат клучна улога во процесот кон енергетска транзиција и постигнување енергетска независност. Нивната улога во ‘пеглање на дневниот дијаграм’ е незаменлива. Оваа флексибилност овозможува брзо балансирање на електроенергетскиот систем, […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕСМ го одбележува 60-годишниот јубилеј на хидроелектраната „Глобочица“

АД ЕСМ го одбележува 60-годишниот јубилеј на хидроелектраната „Глобочица“

АД ЕСМ и подружницата ХЕС „Црн Дрим“ свечено го одбележаа големиот јубилеј – 60 години од пуштањето во употреба на хидроелектраната „Глобочица“, капитален проект од непроценливо значење за македонскиот електроенергетски систем. Хидроелектраната „Глобочица“, дел од хидросистемот „Црн Дрим“, е пуштена во работа на 4 ноември 1965 година. Со инсталирана моќност од 42,5 MW, таа во изминативе шест децении произведе повеќе од 10.367 GWh електрична енергија, […]

ПОВЕЌЕ