КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ

КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ

Врз основа на потпишаните меморандуми за соработка меѓу ЕВН Македонија, АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО од една страна и Факултетот за електротехника и информациски технологии од друга страна се распишува конкурс за доделување стипендии за студентите на ФЕИТ. Конкурс за стипендии

ПОВЕЌЕ

ИНТЕРЕН КОНКУРС ЗА СТРУЧНО-НАУЧНИ ТРУДОВИ

ИНТЕРЕН КОНКУРС ЗА СТРУЧНО-НАУЧНИ ТРУДОВИ

Во рамките на политиката на АД ЕЛЕМ за поттикнување и поддршка на стручното усовршување на инженерскиот кадар, за промоција на успешното работење на поединци, за воведување на квалитетни начини за интерно информирање во врска со стручните проблематики, како и за негување на стручно презентирање и меѓусебна дискусија, Управниот одбор на АД ЕЛЕМ, донесе одлука  за воведување на годишна награда за стручно-научни трудови подготвени од вработени […]

ПОВЕЌЕ

ЕЛЕМ ИНВЕСТИРА ВО НОВА РУДАРСКА МЕХАНИЗАЦИЈА

ЕЛЕМ ИНВЕСТИРА ВО НОВА РУДАРСКА МЕХАНИЗАЦИЈА

АД „Електрани на Македонија“ почна постапки за јавна набавка на нова рударска механизација за потребите на јагленокопите во РЕК Битола. Станува збор за современа опрема која ќе биде насочена кон целосно отворање на капацитетите на новиот рудник Подинска јагленова серија во Суводол, како и за континуирана и самостојна работа на постојните површински рудници Суводол и Брод Гнеотино. Во набавката е вклучена најразновидна рударска опрема која […]

ПОВЕЌЕ

Одбележани 60 години од мавровската трагедија

Одбележани 60 години од мавровската трагедија

Со пригоден собир, пред споменикот на градителите во Маврови Анови, денес беа одбележани 60 години од трагедијата, кога во снежни лавини загинаа 52 градители на мавровскиот хидроенергетски систем, граничари и локални жители. Покрај преставници на ХЕЦ „Маврово“ присуствуваа и жители од околните населни места кои положија цвеќе. Во обраќањето пред присутните, Александар Левкоски директор на ХЕЦ Маврово, потсети дека меѓу загинатите имало и градителители кои […]

ПОВЕЌЕ

Потпишани договори за реализација на проектот за топлификација на Битола

Потпишани договори за реализација на проектот за топлификација на Битола

Владите на Република Македонија и на Сојузна Република Германија, АД ЕЛЕМ и КфВ банката денеска потпишаa спогодба и три договори за реализација на проектот за изградба на нов систем за централно греење во Битола, Новаци, Могила и Логоварди. Со договорот КфВ на ЕЛЕМ му дава заем од 39 милиони евра за реализација на проектот со фиксна каматна стапка од 1,5 отсто, што е историски најмала […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ организира Работилница за финансирање големи енергетски проекти

АД ЕЛЕМ организира Работилница за финансирање големи енергетски проекти

Забрзан трансфер на знаење како да се финансираат големи енергетски проекти кои вредат повеќе стотици милиони, а некогаш и повеќе милијарди долари, размена на мислења и обука на стручни кадри од Македонија според светските трендови, е целта на работилница „Финасирање на големи енергетски проекти“, што од денеска до 2 октомври ќе се одвива во Скопје во организација на АД ЕЛЕМ. На четиридневната работилница под покровителство […]

ПОВЕЌЕ

Доделени стипендии за најдобрите студенти на ФЕИТ

Доделени стипендии за најдобрите студенти на ФЕИТ

АД ЕЛЕМ, АД ЕВН Македонија и АД МЕПСО  им доделија стипендии на 14 најдобри студенти со завршена прва година на електроенергетски насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ). АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО ќе стипендираат по пет студенти, а АД ЕВН  поддржа четворица студенти од тој факултет. – Ова е петтата генерација студенти на ФЕИТ која добива стипендија од енергетските компании. […]

ПОВЕЌЕ

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влезе во редовно производство

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влезе во редовно производство

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ лоциран во месноста Ранавец крај Богданци, влезе во редовно производство на електрична енергија по успешно поминатите процедури на тестирање на опремата и нејзините перформанси. Во посета на паркот денеска беше претседателот на Владата Никола Груевски  и генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски. – Ветерниот парк „Богданци“ е голем проект од 55 милиони  евра за коишто неодамна добивме техничка дозвола за […]

ПОВЕЌЕ

Конференција за енергетските предизвици

Конференција за енергетските предизвици

Домаќинствата во Македонија трошат повеќе од 44 отсто од вкупно потрошената електрична енергија во земјава од кои најголем дел за греење. Наш фокус ќе биде да најдеме алтернативи и да ја намалиме потрошувачката на електрична енергија за греење преку гасификација и инвестиции во енергетските извори. Ова го изјави претседателот на Здружението за енергетика при Стопанската комора на Македонија, Ристо Јаневски, на Конференцијата за енергетските предизвици […]

ПОВЕЌЕ

ДЕЛ ОД ХИДРОЕЛЕКТРАНИТЕ ВО ПРЕВЕНТИВНО МИРУВАЊЕ ВИКЕНДОВ

ДЕЛ ОД ХИДРОЕЛЕКТРАНИТЕ ВО ПРЕВЕНТИВНО МИРУВАЊЕ ВИКЕНДОВ

Поради најавените обилни врнежи од дожд и снег за време на претстојниот викенд, АД ЕЛЕМ  нема да ги вклучува електроцентралите од хидроенергетските системи Маврово, Треска и Тиквеш поради превенција и намалување на можноста од дополнително зголемување на водостојот на реката Вардар. Оваа превентивна мерка е преземена во координација и соработка со Координативното тело за справување со кризи и ќе биде на сила до целосна стабилизација […]

ПОВЕЌЕ