Заврши ревитализацијата на хидроелектраните-втора фаза, модернизираната ХЕ Вруток пуштена во производство

Заврши ревитализацијата на хидроелектраните-втора фаза, модернизираната ХЕ Вруток пуштена во производство

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ  Дејан Бошковски и министерот за економија Беќир Незири денеска официјално ја пуштија во употреба модернизираната хидроелектрана Вруток. Со пуштањето на најголемиот хидроенергетски објект во Република Македонија во производство и формално е означен крајот на еден од најсложените енергетски зафати некогаш изведени во земјава- реализација на втората фаза од ревитализацијата на хидроелектраните во сопственост на АД„Електрани на Македонија“. Проектот вреден вкупно […]

ПОВЕЌЕ

Стипендии за студентите на ФЕИТ и оваа година

Стипендии за студентите на ФЕИТ и оваа година

Најдобрите 14. студенти од електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), кои навреме ја завршија првата година, со просек над осум, денеска добија стипендии од енергетските компании АД ЕЛЕМ, АД МЕПСО и ЕВН-Македонија. Месечната стипендија изнесува 6.000 денари. По пет стипендии доделуваат  ЕЛЕМ и МЕПСО, а ЕВН Македонија четири. Поддршката за стипендирање на најуспешните студенти на ФЕИТ се спроведува веќе трета година […]

ПОВЕЌЕ

ЕЛЕМ на „Пауер Џен Јуроп“ во Келн

ЕЛЕМ на „Пауер Џен Јуроп“ во Келн

АД „Електрани на Македонија“ годинава по четврти пат  со свој штанд ќе се претстави на најголемиот саем за енергетика во Европа „Пауер Џен Јуроп 2014“(Power Gen Europe) во сегментот за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. На саемот што годинава се одржува во Келн, Германија,   повеќе од десетина години се претставуваат  најголемите светски  брендови чија основна дејност е производство на енергија, како и производители […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ го претстави проектот топлификација на општина Битола

АД ЕЛЕМ го претстави проектот топлификација на општина Битола

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски во придружба на своите соработници, денеска во општина Битола го претстави проектот за топлификација во пелагониските општини.На прес конференција Бошковски истакна дека топлификацијата на Битола е еден од приоритетните проекти на АД ЕЛЕМ чија подготовка на проектната документација ќе биде заокружена оваа есен, а потоа ќе следи јавна постапка за избор на изведувач на мрежата. – Денеска ја […]

ПОВЕЌЕ

Врнежите поволно влијаат врз полнењето на големите акумулации, нема опасност од поплави

Врнежите поволно влијаат врз полнењето на големите акумулации, нема опасност од поплави

Врнежите кои последниве неколку недели во континуитет ја зафатија Република Македонија поволно влијаат врз хидролошката состојба на Охридското Езеро, како и на вештачките акумулации што се користат за производство на електрична енергија. Со оглед на сушната зима и отсуството на врнежи од дожд и снег, априлските дождови го подобрија водостојот на акумулациите и во нив има доволно простор за прифаќање на дотоците од новите врнежи.Во […]

ПОВЕЌЕ

ОДЛУКА НА РКЕ

ОДЛУКА НА РКЕ

Одлука за одобрување на стандардните дневни криви на оптоварување за типичните групи потрошувачи приклучени на дистрибутивниот систем во сопственост на АД ЕЛЕМ Скопје, подружница Енергетика

ПОВЕЌЕ

Именувани нови членови на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ

Именувани нови членови на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ

На последната седница на Надзорниот одбор на АД „Електрани на Македонија“ одржана на 31 јануари именувани се четири нови членови на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ. За директор на секторот производство е назначен г.Благоја Деспотоски дипломиран електро инженер, кој доаѓа на местото на г. Димитар Танурков. Со секторот за развој и инвестиции ќе раководи г.Александар Пауноски, магистер по електро-технички науки, кој доаѓа на позицијата на […]

ПОВЕЌЕ

Почнува изработката на проектната документација за топлификација на Битола и регионот

Почнува изработката на проектната документација за топлификација на Битола и регионот

АД „Електрани на Македонија“ почнува со подготовка на проектната документација потребна за изградба на системот за топлификација во Битола. Фирмата изведувач „Енергосистем“ од Скопје до второто полугодие од 2014 година има задача да изработи проект за инфраструктура за транспортен вреловод и вреловодна дистрибутивна мрежа. Исто така, ќе бидат изработени и основните проекти за изградба на транспортен вреловод, примарна и секундарна мрежа, локални предавателни пумпно – […]

ПОВЕЌЕ

Ревитализацијата на шесте хидроелектрани ќе заврши до средината на 2014 година

Ревитализацијата на шесте хидроелектрани ќе заврши до средината на 2014 година

Проектот за ревитализација на шест хидроелектрани – втора фаза и интервенциите во градежниот дел кај хидроелектраните и кај нивните придружни објекти е во завршна фаза, информираше Дејан Бошковски, генерален директор на АД ЕЛЕМ при денешната посета на браната Мавровското Езеро во село Леуново. Со инсталација на дополнителна опрема за оскултација и набљудување на состојбата, стабилноста и сигурноста на браните и нејзините придружни објекти ќе биде […]

ПОВЕЌЕ

Ветерните електрани влегуваат во последната фаза од изградбата

Ветерните електрани влегуваат во последната фаза од изградбата

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влегува во својата финална фаза од изградбата. Вчера од пристаништето во Солун преку граничниот премин Богородица почна транспортот на компонентите од кои ќе бидат изградени ветерните турбини. Самиот транспорт е исклучително сложена операција. За превоз на само една ветерница потребни се десеттина огромни камиони за секоја од компонентите пооделно, што формираат конвој подолг од еден километар. Тежината на сите компоненти […]

ПОВЕЌЕ