Одбележан Денот на рударите

Одбележан Денот на рударите

Денот на македонските рудари денеска традиционално беше одбележан во рудникот  за јаглен Суводол. Во оваа прилика беше нагласена клучната улога на рударите при процесот на производство на електрична енергија и постигнатите резултати во периодот помеѓу двата празници. -Нашите рудари покажаа дека имаат капацитет и знаење да одговорат на сите предизвици пред кои се исправени, обезбедувајќи  ги неопходните количини на енергетска суровина, потребна за континуирана работа […]

ПОВЕЌЕ

Германска поддршка за два енергетски проекта на АД

Германска поддршка за два енергетски проекта на АД

АД ЕЛЕМ и германската банка КфВ потпишаа договор за заем во износ од 35 милиони евра  предвиден за реализација на два енергетски проекта на АД „Електрани на Македонија“. Точно 15 милиони евра ќе бидат искористени за доизградба на паркот на ветерни електрани  „Богданци“, а останатите 20  милиони евра ќе бидат насочени за реализација на проектот  ХЕЦ „Шпилје 2 “. Оваа поддршка од КфВ банката, денеска […]

ПОВЕЌЕ

Словенечкиот претседател ја посети ХЕ „Св.Петка“

Словенечкиот претседател ја посети ХЕ „Св.Петка“

Словенечкиот претседател  Борут Пахор, во рамките на својата официјална посета на Република Македонија  ја посети хидроелектраната Света Петка. Придружуван од  генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски, директорот за производство на АД ЕЛЕМ Димитар Танурков и директорот на ХЕС „Треска“ Миле Славевски, претседателот Пахор при обиколката на овој енергетски објект беше запознаен со можностите на хидроелектраната и нејзиното  значење за домашниот електроенергетски систем. Во изградбата […]

ПОВЕЌЕ

Стипендирањето продолжува за најуспешните студенти на ФЕИТ

Стипендирањето продолжува за најуспешните студенти на ФЕИТ

Петнаесет студенти на електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), десет месеци, ќе добиваат стипендија од по 6000 денари обезбедена од АД „Електрани на Македонија“, АД МЕПСО и ЕВН Македонија. Претставниците на енергетските компании денеска врачија по пет стипендии за најдобрите студенти од ФЕИТ кои ќе бидат стипендирани до крајот на студиите, доколку ја задржат минималната просечна оценка од  8.0. Со овoj […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ ќе учествува на „Power Gen Europe 2013“

АД ЕЛЕМ ќе учествува на „Power Gen Europe 2013“

АД „Електрани на Македонија“ и годинава со свој штанд ќе биде присутна  на најголемиот саем за енергетика во Европа „Power Gen Europe 2013“, што утре официјално ќе биде отворен во Виена, Австрија. Саемот, на кој со свои штандови и презентации учествуваат компании од сите континенти, повеќе од една деценија на едно место ги собира најголемите светски брендови чија основна дејност е производство на енергија, но […]

ПОВЕЌЕ

Кадри од АД ЕЛЕМ ќе усовршуваат словенечки методи за јамска експлоатација на јагленот

Кадри од АД ЕЛЕМ ќе усовршуваат словенечки методи за јамска експлоатација на јагленот

Генералниот директор на АД „Електрани на Македонија“ Дејан Бошковски и претседателот на Управниот одбор на рудникот „Премоговник Велење“ Милан Медвед во Велење, Словенија потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието и обука на стручен кадар. Според документот, АД ЕЛЕМ ќе има можност практично да обучува кадри од областа на рударството и техничките науки со методите за  јамска експлоатација на јагленот. -Импресиониран сум од рудникот […]

ПОВЕЌЕ

Почна изградбата на ПВЕ „Богданци“

Почна изградбата на ПВЕ „Богданци“

Со поставување камен-темелник денеска и официјално е означен почетокот на изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“. Овој прв од ваков тип капацитет во земјава ќе обезбеди чиста енергија од обновлив извор, користејќи го ветерот како погонска сила. Проектот се очекува да профункционира за неколку месеци. Во првата фаза е предвидено да има 16 ветерници, моќност од 36,8 мегават-часови и годишно производство од 100 гигават-часови ветерна […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ потпиша Меморандум за соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и со Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“

АД ЕЛЕМ потпиша Меморандум за соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и со Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ, г.Дејан Бошковски, деканот на Машинскиот факултет, г.Атанас Кочов и деканот на Факултетот за природни и технички науки од Штип, г.Зоран Панов, денеска во Дирекцијата на АД ЕЛЕМ потпишаа Меморандум за соработка и договор за практична настава. Главните области предвидени во Меморандумот за соработка се: работа на развојно-истражувачки проекти, работа на апликативни проекти и консултативни активности со посебен акцент на едукативните […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ внимателно ја следи состојбата со водостојот на Охридско Езеро

АД ЕЛЕМ внимателно ја следи состојбата со водостојот на Охридско Езеро

Интензивните врнежи од дожд кои последните неколку дена ја погодија Република Македонија, како и забрзаното топење на снеговите предизвикани од високите температури во изминатиов и овој период од годината, значително го зголемија дотокот на вода  и влијаeja на порастот на водостојот на природните и вештачките езера. АД „Електрани на Македонија“ секојдневно внимателно ја следи состојбата и повеќе од еден месец превзема превентивни мерки за прифаќање […]

ПОВЕЌЕ

ЕЛЕМ Енергетика почна со испораката на топлинска енергија за населбата Автокоманда

ЕЛЕМ Енергетика почна со испораката на топлинска енергија за населбата Автокоманда

АД „Електрани на Македонија“ преку својата подружница „Енергетика“ од вчера почна да испорачува топлинска енергија за потрошувачите на целата територија на скопската населба Автокоманда. Тоа го овозможи и Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за изменување и дополнување на лиценцата за вршење енергетска дејност „Снабдување со топлинска енергија“ на АД ЕЛЕМ, подружница Енергетика, со која и се дозволува да испорачува топлинска енергија за потребите на […]

ПОВЕЌЕ