Во функција е најголемиот дел од механизацијата која АД ЕСМ ја набавува за потребите на рудниците во РЕК Битола. Дел од градежните машини кои заради својот габарит стигнаа во комбинатот во делови, се монтираат од претставници на производителите во земјава и регионот. Од средината на јуни досега, во РЕК Битола пристигнаа 13 од 36-те машини набавени за потребите на рудниците на РЕК Битола. […]
ФЕ Битола 1-20 MW, ФЕ Битола 2–60 MW, ФЕ Битола 3–100 MW Тековните глобални енергетски трендови наложуваат поамбициозно преминување кон зелена транзиција, при што обновливите извори на енергија се меѓу најважните фактори што ќе ја овозможат таа транзиција. Во таа смисла АД ЕСМ засилено го насочува својот фокус кон развој и реализација на нови проекти за производство на електрична енергија, со цел зголемување на уделот во […]
Во моментов нивото на Дебарското Езеро се наоѓа на кота од 577.32 м.н.в. што е за 1,5 метри над просекот за овој период од годината. Увид во состојбата на акумулацијата и во работењето на хидроелектраната Шпилје изврши директорот за производство на АД ЕСМ, Благојче Трповски. „Самата исполнетост на езерскиот басен е сама по себе видлива и се надеваме дека 2021 ќе биде хидролошки добра […]
Повик за претквалификација за избор на консултант за изработка на фисибилити студија за проектот Фотонапонски електрани Битола 60 MW и 100 MW. АД ЕСМ ги информира сите заинтересирани компании да се пријават на порталот за е-набавки на GTAI (Germany Trade & Invest) која е економска развојна агенција на Сојузна Република Германија (www.gtai.de) и TED (Tenders Electronic Daily) која е електронска тендерска платформа на Европска Унијa (www.ted.europa.eu). […]
Повик за претквалификација за избор на консултант за изработка на фисибилити студија за проектот Парк на ветерни електрани Миравци. АД ЕСМ ги информира сите заинтересирани компании да се пријават на порталот за е-набавки на GTAI (Germany Trade & Invest) која е економска развојна агенција на Сојузна Република Германија (www.gtai.de) и TED (Tenders Electronic Daily) која е електронска тендерска платформа на Европска Унијa (www.ted.europa.eu). Заинтересираните компании […]
Новата градежна машинa во РЕК Битола ќе се користи за правење на траси за транспортните траки при влечење и монтажа на транспортни единици, како и за изработка и рамнење на пристапни патишта во рудниците. Грејдерот е со моќност од 147 kW и тежина од 17.200 килограми. Производител на машината е Liu Gong, компанија во чија сопственост е полската Stalоwa wola, во рудниците на РЕК Битола […]
„Ми претставува голема чест и задоволство што денес и официјално се потпишуваат договорите за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј од 100 мега-вати. Станува збор за една од најголемите инвестиции во енергетиката, поточно во обновливите извори за производство на електрична енергија. Вредност на инвестицијата е 70 милиони евра, а ова постапка успешно ја завршивме по пат на јавно – приватно партнерство“, рече премиерот Заев на […]
На иницијатива на АД ЕСМ денеска се одржа меѓуинституционален состанок во хидроелектраната Тиквеш во Кавадарци во врска со актуелни прашања поврзани со акумулацијата Тиквеш, водостојот на езерото, производството на електрична енергија, наводнувањето на Тиквешко поле во периодот кој следува, како и другите дејности кои зависат од водата во акумулацијата и нејзиното ниво. Покрај раководството на АД ЕСМ, на состанокот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и […]