Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влезе во редовно производство

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влезе во редовно производство

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ лоциран во месноста Ранавец крај Богданци, влезе во редовно производство на електрична енергија по успешно поминатите процедури на тестирање на опремата и нејзините перформанси. Во посета на паркот денеска беше претседателот на Владата Никола Груевски  и генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски. – Ветерниот парк „Богданци“ е голем проект од 55 милиони  евра за коишто неодамна добивме техничка дозвола за […]

ПОВЕЌЕ

Конференција за енергетските предизвици

Конференција за енергетските предизвици

Домаќинствата во Македонија трошат повеќе од 44 отсто од вкупно потрошената електрична енергија во земјава од кои најголем дел за греење. Наш фокус ќе биде да најдеме алтернативи и да ја намалиме потрошувачката на електрична енергија за греење преку гасификација и инвестиции во енергетските извори. Ова го изјави претседателот на Здружението за енергетика при Стопанската комора на Македонија, Ристо Јаневски, на Конференцијата за енергетските предизвици […]

ПОВЕЌЕ

ДЕЛ ОД ХИДРОЕЛЕКТРАНИТЕ ВО ПРЕВЕНТИВНО МИРУВАЊЕ ВИКЕНДОВ

ДЕЛ ОД ХИДРОЕЛЕКТРАНИТЕ ВО ПРЕВЕНТИВНО МИРУВАЊЕ ВИКЕНДОВ

Поради најавените обилни врнежи од дожд и снег за време на претстојниот викенд, АД ЕЛЕМ  нема да ги вклучува електроцентралите од хидроенергетските системи Маврово, Треска и Тиквеш поради превенција и намалување на можноста од дополнително зголемување на водостојот на реката Вардар. Оваа превентивна мерка е преземена во координација и соработка со Координативното тело за справување со кризи и ќе биде на сила до целосна стабилизација […]

ПОВЕЌЕ

ЕЛЕМ нема да дозволи нарушување на биодиверзитетот – проектите Бошков Мост и Луково Поле се реализираат според најстроги еколошки стандарди

ЕЛЕМ нема да дозволи нарушување на биодиверзитетот – проектите Бошков Мост и Луково Поле се реализираат според најстроги еколошки стандарди

АД „Електрани на Македонија“ од почетокот на подготвителните работи за реализација на проектите ХЕ Бошков Мост и ХС Луково Поле најпрофесионално и во согласност со сите постојни меѓународни стандарди и политики на Европската банка за обнова и развој и на Светска банка презеде низа активности за оценка на влијанието на овие енергетски објекти врз животната средина. За таа цел, за Бошков Мост е изработена Студија […]

ПОВЕЌЕ

Акумулациите подготвени да ги прифатат зголемените дотоци, превземени превентивни мерки

Акумулациите подготвени да ги прифатат зголемените дотоци, превземени превентивни мерки

Интензивните врнежи од дожд што последното деноноќие ја зафатија Република Македонија, поволно влијаат врз водостојот во вештачките акумулации што се користат за производство на електрична енергија. Во нив има доволно простор да се прифатат и зголемените дотоци од претстојните врнежи кои се очекуваат во наредниот период. Сите постојни акумулации од кои АД ЕЛЕМ произведува електрична енергија имаат доволно простор за прием на нови количества кои […]

ПОВЕЌЕ

Голем интерес за еднократен отпис на долгови, ЕЛЕМ го потпиша договорот за учество во проектот

Голем интерес за еднократен отпис на долгови, ЕЛЕМ го потпиша договорот за учество во проектот

Постои голем интерес кај граѓаните за отпис на долговите. Заклучно со денешниот ден до центрите за социјални работи се доставени 17.600 барања од граѓаните од социјално ранливи категории. Бараат отпис на долгови кон банките, за електрична енергија, парно греење и радио дифузна такса. – Имаме висок степен на интерес на граѓаните за овој проект и очекуваме до 12 октомври до кога трае пријавувањето да имаме […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ ќе ги отпишува долговите

АД ЕЛЕМ ќе ги отпишува долговите

АД  „Електрани на Македонија“ се приклучи кон акцијата на Министерството за финансии за еднократно отпишување на долговите на граѓаните. Управниот одбор на компанијата донесе одлука за отпишување на долговите на граѓаните за искористената топлинска енергија испорачана од подружницата на АД ЕЛЕМ, „Енергетика“. Еднократното отпишување ќе се однесува на долговите за искористена топлинска енергија заклучно со 31 декември минатата година кои не се наплатени подолго од […]

ПОВЕЌЕ

Заврши ревитализацијата на хидроелектраните-втора фаза, модернизираната ХЕ Вруток пуштена во производство

Заврши ревитализацијата на хидроелектраните-втора фаза, модернизираната ХЕ Вруток пуштена во производство

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ  Дејан Бошковски и министерот за економија Беќир Незири денеска официјално ја пуштија во употреба модернизираната хидроелектрана Вруток. Со пуштањето на најголемиот хидроенергетски објект во Република Македонија во производство и формално е означен крајот на еден од најсложените енергетски зафати некогаш изведени во земјава- реализација на втората фаза од ревитализацијата на хидроелектраните во сопственост на АД„Електрани на Македонија“. Проектот вреден вкупно […]

ПОВЕЌЕ

Стипендии за студентите на ФЕИТ и оваа година

Стипендии за студентите на ФЕИТ и оваа година

Најдобрите 14. студенти од електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), кои навреме ја завршија првата година, со просек над осум, денеска добија стипендии од енергетските компании АД ЕЛЕМ, АД МЕПСО и ЕВН-Македонија. Месечната стипендија изнесува 6.000 денари. По пет стипендии доделуваат  ЕЛЕМ и МЕПСО, а ЕВН Македонија четири. Поддршката за стипендирање на најуспешните студенти на ФЕИТ се спроведува веќе трета година […]

ПОВЕЌЕ

ЕЛЕМ на „Пауер Џен Јуроп“ во Келн

ЕЛЕМ на „Пауер Џен Јуроп“ во Келн

АД „Електрани на Македонија“ годинава по четврти пат  со свој штанд ќе се претстави на најголемиот саем за енергетика во Европа „Пауер Џен Јуроп 2014“(Power Gen Europe) во сегментот за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. На саемот што годинава се одржува во Келн, Германија,   повеќе од десетина години се претставуваат  најголемите светски  брендови чија основна дејност е производство на енергија, како и производители […]

ПОВЕЌЕ