АД ЕЛЕМ го претстави проектот топлификација на општина Битола

АД ЕЛЕМ го претстави проектот топлификација на општина Битола

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски во придружба на своите соработници, денеска во општина Битола го претстави проектот за топлификација во пелагониските општини.На прес конференција Бошковски истакна дека топлификацијата на Битола е еден од приоритетните проекти на АД ЕЛЕМ чија подготовка на проектната документација ќе биде заокружена оваа есен, а потоа ќе следи јавна постапка за избор на изведувач на мрежата. – Денеска ја […]

ПОВЕЌЕ

Врнежите поволно влијаат врз полнењето на големите акумулации, нема опасност од поплави

Врнежите поволно влијаат врз полнењето на големите акумулации, нема опасност од поплави

Врнежите кои последниве неколку недели во континуитет ја зафатија Република Македонија поволно влијаат врз хидролошката состојба на Охридското Езеро, како и на вештачките акумулации што се користат за производство на електрична енергија. Со оглед на сушната зима и отсуството на врнежи од дожд и снег, априлските дождови го подобрија водостојот на акумулациите и во нив има доволно простор за прифаќање на дотоците од новите врнежи.Во […]

ПОВЕЌЕ

ОДЛУКА НА РКЕ

ОДЛУКА НА РКЕ

Одлука за одобрување на стандардните дневни криви на оптоварување за типичните групи потрошувачи приклучени на дистрибутивниот систем во сопственост на АД ЕЛЕМ Скопје, подружница Енергетика

ПОВЕЌЕ

Именувани нови членови на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ

Именувани нови членови на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ

На последната седница на Надзорниот одбор на АД „Електрани на Македонија“ одржана на 31 јануари именувани се четири нови членови на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ. За директор на секторот производство е назначен г.Благоја Деспотоски дипломиран електро инженер, кој доаѓа на местото на г. Димитар Танурков. Со секторот за развој и инвестиции ќе раководи г.Александар Пауноски, магистер по електро-технички науки, кој доаѓа на позицијата на […]

ПОВЕЌЕ

Почнува изработката на проектната документација за топлификација на Битола и регионот

Почнува изработката на проектната документација за топлификација на Битола и регионот

АД „Електрани на Македонија“ почнува со подготовка на проектната документација потребна за изградба на системот за топлификација во Битола. Фирмата изведувач „Енергосистем“ од Скопје до второто полугодие од 2014 година има задача да изработи проект за инфраструктура за транспортен вреловод и вреловодна дистрибутивна мрежа. Исто така, ќе бидат изработени и основните проекти за изградба на транспортен вреловод, примарна и секундарна мрежа, локални предавателни пумпно – […]

ПОВЕЌЕ

Ревитализацијата на шесте хидроелектрани ќе заврши до средината на 2014 година

Ревитализацијата на шесте хидроелектрани ќе заврши до средината на 2014 година

Проектот за ревитализација на шест хидроелектрани – втора фаза и интервенциите во градежниот дел кај хидроелектраните и кај нивните придружни објекти е во завршна фаза, информираше Дејан Бошковски, генерален директор на АД ЕЛЕМ при денешната посета на браната Мавровското Езеро во село Леуново. Со инсталација на дополнителна опрема за оскултација и набљудување на состојбата, стабилноста и сигурноста на браните и нејзините придружни објекти ќе биде […]

ПОВЕЌЕ

Ветерните електрани влегуваат во последната фаза од изградбата

Ветерните електрани влегуваат во последната фаза од изградбата

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влегува во својата финална фаза од изградбата. Вчера од пристаништето во Солун преку граничниот премин Богородица почна транспортот на компонентите од кои ќе бидат изградени ветерните турбини. Самиот транспорт е исклучително сложена операција. За превоз на само една ветерница потребни се десеттина огромни камиони за секоја од компонентите пооделно, што формираат конвој подолг од еден километар. Тежината на сите компоненти […]

ПОВЕЌЕ

„Луково Поле“ се реализира согласно строгите директиви за заштита на животната средина

„Луково Поле“ се реализира согласно строгите директиви за заштита на животната средина

Во просториите на локалната самоуправа во Дебар претставници на АД ЕЛЕМ, Светска Банка и неколку министерства одржаа заедничка средба со претставници на дебарската локална власт и на граѓански организации, околу проектот „Луково Поле“. На денешната јавна расправа поврзана со овој проект, претставници на ЕЛЕМ, Светска Банка, Министерството за економија и Министерството за животна средина и просторно планирање, на жителите на Општина Дебар им го презентираа […]

ПОВЕЌЕ

Отворена меѓународна работилница за регионална и прекугранична соработка во енергетиката и нуклеарната енергија

Отворена меѓународна работилница за регионална и прекугранична соработка во енергетиката и нуклеарната енергија

Денеска во Скопје е отворена Меѓународна работилница  за регионална и прекугранична соработка во енергетиката и нуклеарната енрегија, во организација на АД ЕЛЕМ, МАНУ и Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ). Со свои ставови во однос на повеќе теми учествуваат еминентни експерти од Агенцијата за атомска енергија  и претставници на повеќе релевантни институции и компании во Европа. -Убеден сум дека оваа средба  дополнително ќе ја зголеми  соработката […]

ПОВЕЌЕ

Почна петтиот меѓународен конгрес за рударство „Балканмајн 2013“

Почна петтиот меѓународен конгрес за рударство „Балканмајн 2013“

Во наредните два дена, над 300 учесници, експерти од областа на рударството од 14 земји  ќе презентираат  преку 130  трудови, претставувајќи ги технолошките достигнувања и перспективите на рударството во поширокиот регион, како и примената на  најновите технологии во оваа дејност од клучно значење за иднината на стопанството и енергетиката на Балканот, рече Дејан Бошковски, генерален директор на АД ЕЛЕМ и почесен претседател на организацискиот Комитет […]

ПОВЕЌЕ