АД ЕЛЕМ внимателно ја следи состојбата со водостојот на Охридско Езеро
Интензивните врнежи од дожд кои последните неколку дена ја погодија Република Македонија, како и забрзаното топење на снеговите предизвикани од високите температури во изминатиов и овој период од годината, значително го зголемија дотокот на вода и влијаeja на порастот на водостојот на природните и вештачките езера.
АД „Електрани на Македонија“ секојдневно внимателно ја следи состојбата и повеќе од еден месец превзема превентивни мерки за прифаќање на дотоците во хидроакумулациите. Со цел стабилизирање на порастот на акумулациите, АД „Електрани на Македонија“ направи соодветни прилагодувања на режимите на истекот на вода од хидроакумулациите, особено на истекот на Охридското Езеро и истекот од акумулацијата Шпилје. Со зголемена координирана работа на хидропотенцијалите и намалена испораката на електрична енергија од термопотенцијалите, воедно се обезбедува и испорака на потребните количини на електрична енергија во електро -енергетскиот систем на Република Македонија.
АД ЕЛЕМ и понатаму континуирано ќе ја следи состојбата и ќе ги превзема сите потребни мерки во согласност со хидролошките и временските прилики за стабилна и сигурна работа на акумулациите, како и стабилна и сигурна испорака на електрична енергија. Како што веќе информиравме, нивото на Охридското Езеро во согласност со мерењата на АД ЕЛЕМ и УХМР, поради обилните врнежи од дожд и зголемените дотоци поради забрзаното топење на снегот, расте, но е во безбедни граници.
Силниот ветер што го погоди Охридскиот регион овие денови, дополнително ја отежнува состојбата предизвикувајќи бранови, кои можат да создадат проблеми на објектите кои се наоѓаат во Охридското Езеро, но тоа никако не треба да се поврзува со нивото на Езерото и работата на хидроелектраните.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch