ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИ ПОДДРЖАНО ОД АД ЕЛЕМ

Здружението на новинари на Македонија, на својот 66-ти роденден, се заблагодари на АД ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија што го обезбеди фондот за доделените награди. Проектот „Зајакнување на довербата меѓу членовите на Здружението на новинарите на Македонија“ е поддржан од АД ЕЛЕМ, во рамките на јавниот повик за доделување средства за општествена одговорност за 2011 година. ЕЛЕМ спроведувајќи ја доследно усвоената Декларација за општествена одговорност, во рамките на своите можности, несебично помага во развојот на општествените дејности како неопходен предуслов за раст и за развој на државата.