Промовирана фотомонографијата „Манастирот Свети Наум Охридски“ поддржана од АД ЕЛЕМ
Охрид денеска го чествуваше споменот на свети Наум Охридски, чудотворец, кој, заедно со свети Климент Охридски се најславните ученици на првоучителите и светители Кирил и Методиј. И двајцата се основоположници на Охридската книжевна школа.
По повод празникот, во истоимениот манастир на брегот на Охридското Езеро беше отслужена архијерејска златоустова литургија, со која чиноначалствуваше митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.
На истиот простор се одржа промоција на фотомонографијата „Манастирот Свети Наум Охридски“ од новинарот и публицист Стојан Савески. На промоцијата пригодна реч одржа проф. д-р Сашо Коруновски.
„Станува збор за обемно дело кое низ текст и фотографии, на свој начин, говори за манастирот Св. Наум Охридски. Вложен е голем труд, трпение, а пред се’ голема љубов затоа што се работи за светец кој е почитуван од голем број луѓе без разлика на нивната национална или верска припадност. Задоволство е кога по вложениот труд, непроспаните ноќи, временски рокови, едно вакво дело можете да и’ го претставите на јавноста “, нагласи авторот Савески.
Печатењето на фотомонографијата е поддржано од АД ЕЛЕМ, во рамките на јавниот повик за доделување средства за општествена одговорност на компанијата за 2011 година, а на денешната промоција присуствуваше и генералниот директор на компанијата д-р Влатко Чингоски.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch