Почна скијачката сезона на Попова Шапка

На Попова Шапка денеска официјално почна скијачката сезона.
– Сите посетители во овој зимски туристички центар денеска бесплатно може да ги користат ски-лифтовите и жичарниците кои се целосно подготвени заедно со патеките на кои има над 30 сантиметри снег, соопшти Друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка – ЕЛЕМ.
Според соопштението, сите капацитети освен ски-лифтот на актрактивната Церипашина не е пуштен денеска со цел и таму целосно да се подготви патеката и да биде на располагање на скијачите без било какви безбедносни ризици.
Вкупниот капацитет на жичарниците и ски-лифтовите на Попова Шапка е 8.000 посетители на час.