Енергетското дерби за ЕЛЕМ
МЕПСО ЕЛЕМ 2-3 Саовски 17′, Андоновски 39′ – Петровски 13’31’33′
Вистинско дерби одиграа екипите на МЕПСО и ЕЛЕМ. Оваа „енергетска“ пресметка во рамките на Бизнис лигата во мал фудбал го одбележа цврста игра со многу жестоки дуели. Двете екипи влегоа во натпреварот со огромен мотив за триумф и надигрување. По почетното испитување на силите. прва во водство дојде екипата на ЕЛЕМ, но неколку минути подоцна МЕПСО израмни.
На полувреме екипите заминаа со нерешен резултат (1 – 1). Во вториот дел видовме отворен фудбал со шанси и шутеви кон двата гола. Таквата игра ја искористи екипата на ЕЛЕМ, која преку хет трик на расположениот Петровски успеа да дојде до победа со резултат од 3 – 2. Токму затоа, Петровски беше прогласен за играч на натпреварот.
По оваа победа, екипата на ЕЛЕМ со освоени 19 бодови напредуваше на третото место со шест победи и еден нерешен натпревар.
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch