Екипата на ЕЛЕМ ја декласира екипата на Систина во рамките на Бизнис лигата
Екипата на ЕЛЕМ фуриозно го почна својот настап во рамките на новата сезона од Бизнис лигата во мал фудбал. Синоќа во возбудлив натпревар беше убедлива против екипата на Систина со 8:1.
Нашите избраници со рано водство го отворија натпреварот. Иако екипата на Систина брзо се консолидираше, немаше решение против одлично поставената тактика и честата ротација на играчи на екипата на ЕЛЕМ кои беа пресудни фактори да стигне до првата победа во првиот натпревар од Бизнис лигата.
За одбележување е хет трикот постигнат од страна на Синиша Ковачевиќ од екипата на ЕЛЕМ, кој беше избран и за играч на натпреварот.
Систина – ЕЛЕМ 1 – 8 (1 – 3 пол.)
Закони
Лиценци
Правилници
Хидроцентрали
Термоцентрали
Обновливи извори


Shqip
English
Deutsch