АД ЕЛЕМ повторно во првата петорка на најголеми и најуспешни фирми во Република Македонија за 2010 год

Според најновата едиција „200 најголеми и најуспешни фирми во Македонија“ за 2010 година во издание на Еуробизнис Центар што беше промовирана денеска,  АД Електрани на Македонија повторно се наоѓа меѓу првите пет компании според остварен приход. Друштво на АД ЕЛЕМ во првата петорка на најголеми компании прават му прават уште ОКТА АД Скопје, „Макпетрол“, „ЕВН Македонија“, и „Фени индустри“.

Според едицијата, најголемите 200 фирми остваруваат 44,75 отсто од вкупниот приход, а најуспешните 45 проценти од добивката пред оданочување на сите стопански субјекти во земјава.

Честитијаќи им на компаниите кои се вброија во елитното друштво на 200 најголеми и најуспешни согласно вкупниот приход, односно нето-добивката, министерот за економија г-дин Ваљон Сарачини напомена дека 2010 година се уште ги имаше симптомите на светската економска криза, забавени инвестиции, намалена кредитна активност и голема несигурност во деловното работење што особено се почувствува и во македонскиот реален сектор.
– Продолжува поддршката на Министерството за економија кое преку своите стратешки документи, програми, мерки и активности има за цел да го поедностави деловното работење на нашите компании  и да помогне во нивното подобро позиционирање на светскиот пазар, рече Сарачини во поздравното обраќање.
За обезбедување економски раст, додаде, неопходен е интегриран пристап и имплементација на нови мерки за подобрување на конкурентноста базарина на знаење, иновации, интернационализација, зголемена соработка меѓу фирмите и нивно поврзување со науката.
Сарачини потенцира дека новата четиригодишна Програма на Владата е ориентирана кон економски развој, создавање поволна бизнис-клима и зајакнување на економијата преку конкретни иницијативи и проекти со крајна цел – креирање функционална пазарна економија и зголемување на нејзината конкурентност.
Посветена работа, добар план и визија се клучните елементи за успех, велат бизнисмените.
ЕЛЕМ годинава, како и лани, е на високото четврто место по успешност.
– Во последните четири години со напорна работа покажавме дека и производните компании може да бидат успешни, иако  глобален тренд во светот е растот на услужните дејности. Тие се на највисоко ниво, и по добивка и по обрт, изјави генералниот директор на АД ЕЛЕМ д-р Влатко Чингоски.
Согласно рангирањето во едицијата, АД ЕЛЕМ е најуспешна  меѓу компаниите чија основна дејност е производство.